1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија: Секој четврти граѓанин има странско потекло

ЕМФ
18 април 2022

Една четвртина од населението во Германија има странски корени, покажуваат податоците на Сојузниот завод за статистика.

Symbolbild Wir in Deutschland
Фотографија: picture-alliance/Eventpress

Во Германија во 2021 година живееле 22,3 милиони луѓе со странско потекло, односно 27,2%. Сојузниот завод за статистика соопшти дека тоа е за два процента повеќе во однос на 2020 година (26,7%). Ваков висок удел на граѓани со мигрантско потекло немало уште од почетокот на собирање вакви податоци во 2005 година.

Земја од каде доаѓаат најголем дел од луѓето со мигратснко потекло е Турција (12%), а следуваат Полска (10%) и Рѕуската Федерација (6%), Казахстан (6%) и Сирија (5%).

Еден процент, односно 308.000 луѓе со мигрантско потекло во Германија во 2021 година биле од Украина. Најголемиот дел од граѓаните со украинско потекло (82%) се преселиле лично во Германија и во државата живеат во просек по 19 години. Поради последните бранови бегалци од Украина, бројот на лица со украинско потекло во иднина ќе се зголеми значително, наведува Сојузниот завод за статистика.

Нешто повеќе од половината (43%) од луѓето со мигрантско потекло има германски пасош, додека 47% имаат пасош на друга држава.

- повеќе: Намалена скепсата на Германците кон доселениците

Речиси половината (49%) дома зборуваат германски и најмалку еден друг јазик, речиси секој трет (32%) зборува исклучиво германски, додека 14% зборуваат претежно германски. Покрај германскиот јазик, дома најчесто се зборуваат турски (8%), руски (7%) и арапски (5%).

- повеќе: Како гастарбајтерите ја променија Германија, а како таа нив?

За лица со мигрантско потекло се сметаат лицата кои самите имале друго државјанство при раѓањето, или чиј најмалку еден родител не е роден со германско државјанство.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми