Германија: 4.000 доброволци за корона-експеримент на концерт
Дарко Јањевиќ
18 јули 2020
Германски научници бараат 4.000 доброволци за присуство на концерт на поп музика за да помогнат во проценка на ризикот од пренесување на вирусот на големи манифестации. Учесниците мора претходно да се негативни на тест
Реклама
Додека Германија работи на тоа љубителите на спортот да ги врати повторно на трибините, тим истражувачи од Универзитетската клиника во Хале, источна Германија, организира експеримент во кој илјадници доброволци би присутвувале на концерт на поп музика.
Научниците се надеваат дека ќе успеат да регрутираат 4.000 учесници кои на 22 август би се собрале во арената во Лајпциг. Доброволците, на возраст од 18 до 50 години, претходно ќе бидат тестирани на коронавирус, а учество ќе им биде дозволено само на тие чиј резултат е негативен.
На концертот ќе настапи популарниот поп пејач Тим Бенцко, за „однесувањето на публиката да биде што поблиско до реалноста", најавија организаторите.
Секои пет секунди
Учесниците ќе мора да носат ФФП2 филтер маски, а ќе биде користено и флуоросцентно дезинфекциско средство кое, покрај тоа што пружа уште еден слој заштита, на научниците ќе им овозможи да следат кои површини публиката најчесто ги допира. Најважно сепак ќе биде што доброволците ќе добијат апарат со кој ќе се следи нивното движење и оддалеченоста од останатите присутни.
„Мислам дека најголем предизвик ќе биде проценката на податоците", изјави шефот на проектот Штефан Мориц за новинската агенција ДПА. „Затоа што ќе добиеме податоци за контактите со сите останати учесници во радиус од 30 метри, секои пет секунди во текот на целиот ден", објаснува тој.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Venance
9 фотографии1 | 9
Три сценарија
Организаторите разгледуваат тестирање според три можни сценарија. Првото ќе биде она што инаку би се нарекувало контролна група – значи сѐ како и пред короната: публиката влегува на два влеза, нема задолжително растојание и слични мерки на претпазливост. Другото сценарио е со построги хигиенски мерки, побавно влегување на учесниците, односно отворање повеќе влезови и правила за растојание. Третото сценарио е со доброволци кои седат на трибините оддалечени 1,5 метри меѓусебно. За ова сценарио се потребни само 2.000 доброволци во арената која има капацитет да прими околу 12.000 луѓе.
Проектот би требало да помогне за „идентификување на условите под кои уметниците и спортистите би можеле повторно да настапуваат, од 30 септември, од кога во Германија повторно би требало да бидат дозволени манифестации со голем број луѓе", наведуваат истражувачите на својата веб страница. Покрај тоа би требало да се утврди со колку други луѓе посетителот има контакт при доаѓањето на концерт.
Научниците се надеваат дека експериментот ќе им помогне да смислат математички модел кој би се користел за спречување на ширње на инфекцијата на масовни манифестации. Првите резултати на студијата се очекуваат четири до шест недели по концертот, на крајот на септември.
На својата веб страница екипата истражувачи предупредува на опасноста од пандемијата на коронавирус. „За да се избегне опасноста, мораше да бидат донесени тешки одлуки", напишаа научниците од Хале. Истовремено, тие констатираат дека трајната забрана на масовни манифестации претставува „егзистенцијална закана за многу спортисти и уметници, чии приходи зависат од публиката."