1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Со закон за доселување против недостигот на работници

ЕМФ /агенции
27 декември 2017

На Германија ѝ се заканува огромен недостиг од стручна работна сила, опоменува шефот на германската агенција за работа Детлеф Шеле. Тој бара закон за доселување како решение за проблемот.

Symbolbild Energiewende Deutschland Arbeiter repariert Stromleitung
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Anspach

На Германија, поради недостигот од стручњаци, ѝ е итно неопходен закон за доселување, смета првиот човек на Сјузната агенција за работа (БА), Детлеф Шеле. Тој за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ вели дека на државата ѝ е неопходно доселување на околу 300.000 квалификувани работници секоја година. Само со работници од ЕУ оваа потреба нема да може да биде задоволена на долг рок, оценува Шеле. Законот за доселување не би имал ништо со бегалците кои би доаѓале во земјата од хуманитарни причини, туку би се однесувал на луѓето кои би требало да дојдат и да работат во Германија, нагласува тој, барајќи државата да направи критериуми за доселување на ваквите работници. Закон кој би создавал можност за борба против недостигот на стручна работна сила би требало да се донесе во наредниот легислативен период, бара шефот на БА. Според него, во Агенцијата за работа веќе е основан нов оддел „Интернационал“, кој во наредните шест месеци би требало да подготви стратегија за носење работници од странство.

Детлеф Шеле бара закон за доселувањеФотографија: picture alliance/dpa/D. Karmann

Повеќе на темата:

Македонците најмалку чекаат за работна виза за Германија

Економски мигранти во Германија: Не успеваат сите

Што ги очекува македонските лекари во Германија?

На носење закон за доселување инсистираат и социјалдемократите, кои во јануари би требало да почнат сондирачки разговори за евентуална голема коалиција со партиите на Унијата. И ЦДУ и ЦСУ во својата изборна програма се залагаат за законско регулирање на доселувањето стручњаци, но плановите на Унијата се далеку потесни од оние на СПД.

#DE_facto: Како до работа во Германија?

02:40

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми