1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија се залага за реформи во ОН

24 септември 2004

Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер вчера пред генералното собрание на ОН одржа говор при што ја нагласи неопходноста од реформи на ОН. Притоа тој побара и проширување на Советот за безбедност и постојано место за Германија.

Фишер во говорот пред ОН
Фишер во говорот пред ОНФотографија: AP

Мора да се извршат реформи во Обединетите Нации, а Германија радо би сакала да добие постојано место во Советот за безбедност – во генерланата дебата ова беше централна порака на германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер. Како и канцеларот Шредер пред една година и Фишер ја употреби оваа форма да ги нагласи германските барања.

“Веќе 40 години не е променета конструкцијата на Советот за безбеднсот. Верувам дека е вистинско време, тој да се усогласи со светската ситуација. Притоа не се потребни половични или меѓу решенија тие и нема да бидат од помош. Како Бразил, Индија и Јапонија и Германија е подготвена да ја преземе одговорноста која е поврзана со постојано место во Советот за безбедност.”

Темата годинава дотолку e почувствителна бидејќи генерланиот секретар на ОН Кофи Анан веќе состави работна група која работи на план за реформи. Не само Советот за безбедност туку и сите други важни гремиуми на светската организација ќе бидат ставени под лупа.

За милиони луѓе синото знаме на ОН претставува помош и надеж за подобра иднина, смета Фишер, но онака како што денска се организирани ОН нема да можат уште долго успешно да одговараат на новите предизвици

“Она што нам ни е потребно е длабока реформа на меѓународниот систем и неговите институции. Мора да се постигне ефективен мултилатеризам кој ќе ни овозможи заеднички да се спречуваат кризи а онаму каде ова нема да успее да се најде трајно решение.”

рече Фишер, и нагласи дека смета оти сржта е во реформата на Советот за безбеднсот. При реформата според германскиот министер за надворешни работи станува збор и за ново заедничко разбирање на повелбата на Обединетите Нации. Притоа централни прашања се правото на самоодбрана и дефиницијата за тероризам.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми