1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија се залага за реформи во ОН

20 септември 2004

Германската влада пред почетокот на генералното собрание на ОН го потврди своето барање за добивање постојано место во Советот за безбедност. Уште поважна е опсежна реформа на Обединетите Нации, истакна портпарол на министерството за надворешни работи во Берлин. Германскиот министерот за надворешни работи Јошка Фишер денеска отпатува за Њујорк каде ќе учествува на генералното собрание на ОН.

Обединетите Нации во Њујорк
Обединетите Нации во ЊујоркФотографија: AP

“За Германија, повторувам, дека во рамките на реформа сме подготвени да преземеме поголема одговорност.”

Германскиот канцелар Герхард Шредер, пред една година лично во генералната дебата ја искажа кандидатурата на Германија за место со право на Вето во највиоскиот гремиум на ОН. Оттогаш германските дипломати, вклучувајќи го и министерот за надворешни работи Јошка Фишер насекаде во светот бараат сојузници. Но како треба да изгледа центарот на моќта на светската заедница, тоа ќе го скицираат експертите, кои генералниот секретар Кофи Анан на ОН ги повика да го изнесат своето мислење за време на генералната дебата пред шефовите на држави и влади.

Сегашната положба е јасна: составот на гремиумот со петте земји победнички од втората светска војна веќе е надживеан.

“Тоа не важи само за прашањето, кој покрај постојаните пет земји членки уште треба да добие статус на постојан член, ова особено важи за прашањето, во која форма и со колку места големите региони Африка, Латинска Америка и Азија треба да бидат застапени во Советот за безбеднсот.”

смета германскиот амбасадор во ОН Гинтер Плојгер и дополнува дека е можно проширување и за 25 места. Меѓу кои четири нови непостојани места за Азија, Африка, Латинска Америка и Источна Европа, и до шест нови постојани претставници. Ова би претставувало и исполнување на германските сонови.

Германскиот министер за надворешни работи Фишер не смета дека германското место би требало да има предност, туку на преден план да излезе апсолутната неопходност за реформа на ОН

“Или меѓународната заедница мора да настапи со нешто сосема ново, што е подобро отколку ОН, или потребна е темелна реформа, бидејќи кризата во Ирак покажа, дека мултилатеризмот има потреба од ефективни Обединети Нации.”

Фишер и останатите заложници за рефеорми оставаат простор до летото 2005 година. Сега или никогаш. Дотогаш рефоормата би требало да создаде елан. Големите пет гледаат скептично, отпор се очекува од страна на Вашингтон, од каде се бараат помали реформи, но со Германија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми