1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија соочена со трет бран коронавирус

02:07

This browser does not support the video element.

Лавдеј Рајт | ЖА / агенции
18 март 2021

Бројот на дневни нови инфекции со Ковид-19 во Германија бележи и натаму пораст и е на највисоко ниво од 22 јануари досега, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Владата и покраините се под притисок поради бавното вакцинирање во земјата

Според податоците доставени до Институтот „Роберт Кох“, во Германија во последните 24 часа се потврдени најголем број нови инфекции од јануари досега – 17.504, наспроти вчерашните 13.343. Инциденцијата за последните седум дена достигна вредност од 90 новозаболени на 100.000 жители, додека на крајот на февруари беше 56,8.

На почеток на март во Германија почна олабавување на рестрикциите. Но, доколку инциденцијата три дена последователно останува над 100, предвидено е повторно повлекување „рачна кочница“.

Институтот „Роберт Кох“ вели дека земјата се наоѓа во трет бран коронавирус, новите мутациите брзо се шират, и предвидува натамошен скок на бројките.

Во меѓувреме вакцинацијата бавно напредува. Канцеларката Меркел вети дека сите граѓани до крајот на септември ќе добијат понуда за вакцина, но досега со две дози се вакцинирани само 3,7 % од луѓето.

Канцеларката и покраинските премиери утре ќе дискутираат околу можностите за интензивирање на кампањата за вакцинирање.


 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми