1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија: Уставниот суд бара законски прописи за тријажа

ЖА /ДВ
28 декември 2021

Во случај на тријажа, предизвикана од пандемијата, законодавецот мора „без одлагање“ да донесе мерки за во такви ситуации да ги заштити лицата со инвалидитет, ваква одлука донесе Сојузниот уставен суд.

Coronavirus - Intensivstation in Klinik
Фотографија: picture alliance/dpa

Законодавната власт мора веднаш да преземе мерки за заштита на лицата со инвалидитет во случај на  тријажа предизвикана од пандемијата на коронавирус, односно медицинска метода според која во итни случаи се одредува  приоритет на оние кои ќе се лекуваат.  Ваква одлука донесе Сојузниот уставен суд на Германија, уважувајќи ја тужбата на неколкумина лица со инвалидитет. Според Судот, законодавната власт е должна да дејствува за на овие лица да им овозможи загарантирано право на живот, тоа право е повредено, зашто не се преземени соодветни мерки на претпазливост. 

Уставниот суд смета дека лицата со одредени претходни заболувања и други оштетувања се посебно загрозени во текот на пандемијата. Ако во одделенијата за интензивна нега, како што е наведено, нема доволно кревети и респиратори, постои опасност тие лица да не бидат лекувани, затоа мора да се донесе пропис за нивна заштита, тие не смеат да се најдат во понеповолна положба во однос на другите. 

Но, Уставниот суд не даде посебни насоки како да изгледаат тие прописи, сметајќи дека законодавната власт има широк простор за проценка, евалуација и дизајн. Меѓутоа, мора да се земе предвид фактот дека медицинските работници при донесувањето т.н.  тријажни одлуки,  односно вршење селекција кого да спасуваат, се наоѓаат во екстремна ситуација и мораат брзо да решат кој ќе биде лекуван, а кој не.

Уставна тужба поднесоа девет лица со инвалидитет и претходни заболувања, стравувајќи дека лекарите би се откажале од нивно лекување ако не постојат законски прописи.

Германското интердисциплинарно здружение за интензивна нега и итна медицинска помош, заедно со други стручни здруженија, изработи „Клиничко-етички препораки“. Тужителите со стравување гледаат на критериумите содржани во овие документи, зашто во нив улога играат и слабоста на пациентот и дополнителните веќе постоечки болести.

Уставниот суд објасни дека овие препораки не се правно обврзувачки и „не се синоним за медицински стандарди во професионалното право“. Се укажува и на можни ризици при проценка и донесување одлуки произлезени од тие препораки. Мора, се наведува во пресудата, да се осигура одлуката да се донесе „исклучиво врз основа на моментната и краткорочна веројатност за преживување.“

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми