1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Партијата на Меркел тоне поради аферата со маски

Сабине Кинкарц
2 април 2021

Бројот на инфицирани со коронавирус во Германија се зголемува. Што прави политиката? Се кара за кризниот менаџмент. Тоа не наидува на добар одек кај граѓаните. А, тука се и скандалите...

Weltspiegel 05.03.2021 | Corona | Deutschland Berlin | Angela Merkel, Bundeskanzlerin
Фотографија: Markus Schreiber/AP Photo/picture alliance

Ако во недела се одржат парламентарни избори, партијата на Меркел - ЦДУ и нејзината сестринска партија ЦСУ, би биле најголеми губитници. Според актуелното истражување на јавното мислење Дојчландтренд, направено од страна на институтот Инфратест Димап по налог на јавниот радиодифузен сервис АРД, довербата во ЦДУ и ЦСУ, кои заедно ја сочинуваат пратеничката група на Унијата во Бундестагот, во март паднала за цели 6 проценти. Тоа значи дека двете партии сега се онаму каде што беа на почетокот на пандемијата со доверба од 27%, односно го имаат загубено целиот кредит од првите месеци на пандемијата.

Унијата тоне, а за тоа има повеќе причини: скандалот со водечки политичари кои се збогатиле со посредување заштитни маски и кавгите околу вистинскиот крус за борба против пандемијата, чиј врв беше извинувањето на канцеларката, потег кој досега не е запаметен во историјата.

Повеќе:

Поради лобистот на Груевски и аферата со маските - вонредна седница на претседателството на ЦСУ

Дебакл на партијата на Меркел

Маски, пари и немање морал

Освен тоа, влијание има и нерасчистената борба за кандидатурата за канцеларската позиција.

Баварскиот премиер и шеф на ЦСУ, Маркус Зедер и премиерот на покраината Северна Рајна Вестфалија и шеф на ЦДУ, Армин Лашет, се два спротивни пола во борбата за сузбивање на пандемијата. Додека Зедер се залага за остри мерки, Лашет е со променлив став и сега, за време на Велигден, сака да размисли околу идните чекори во борбата против короната. Со тоа не поентира кај избирачите. Дојчландтренд покажува дека Лашет во март загубил три проценти доверба, додека Зедер добил исто толку проценти доверба плус. Баварецот се залага за остар локдаун со полициски час во хотспотовите. Барање, кое како што се чини, наидува на растечко одобрување од страна на граѓаните. Бројот на оние кои се за построги мерки за сузбивање на пандемијата е зголемен за цели 16% во март и изнесува 48%. Само 24% од граѓаните сега сметаат дека мерките се соодветни, односно 14% помалку во споредба со претходното истражување.

Кој би бил подобар кандидат за канцелар (наводи во проценти; црна боја - вкупно, сива боја - приврзаници на ЦДУ/ЦСУ)

Две третини за локдаун

Мнозинството испитаници во истражувањето на јавното мислење даваат поддршка на апелот на лекарите од одделенијата за интензивна нега за воведување строг локдаун, со цел да се спречи префорсирање на болниците. Лекарите пледираат за значително намалување на јавниот живот за период од две до три недели, по што би се проверило дали со примена на заштитни мерки и тестирања би можело да се донесе одлука за разлабавување.

ПовеќеКорона-криза: Канцеларката ја презема командата?

Ретко кога досега сојузот и покраините биле толку неединствени во врска со вистинскиот курс во борбата против пандемијата. Граѓаните гледаат со големо неодобрување на судирот кој пред неколку денови стана исклучително видлив со маратонската седница за мерките. Ако на почетокот на пандемијата речиси 80% од граѓаните беа задоволни од кризниот менаџмент на сојузот и покраините, сега се задоволни само 19%. Четворица од петмина испитаници гледаат критички на дејствувањето на сојузот и покраините.

Дали е потребен поостар локдаун во Германија (одговори на приврзаници на различни партии; лево - претежно да, десно - претежно не)

Тестови, вакцини, финансиска помош - малку што функционира без проблеми

Голема скепса постои и во врска со организацијата на кризниот менаџмент. Односот кон средствата кои стојат на располагање за борба против пандемијата е сѐ, само не оптимален, сметаат граѓаните.

Повеќе: Без строг локдаун за Велигден - владата на Меркел во слободен пад

Освен тоа, тие се на мислење и дека нема доволно јасност и доверливост во кризниот менаџмент. 78 проценти од испитаниците одговориле дека сојузната влада постојано ветувала повеќе од она што можела да го исполни. 68 проценти, пак, се на став дека за најранливите во пандемијата е направено премалку.

Истражувањето покажува дека 63% од граѓаните имаат загубено преглед на тоа што во моментот е дозволено, а што е забрането. Според мислењето на 62% испитаници, пандемијата не е доказ дека Германија може добро да се справува со кризи.

Во авион за Германија само со негативен ковид-тест

01:46

This browser does not support the video element.

Сабине Кинкарц новинарка на ДВ
Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми