Забраните за дизел-возила во градовите си го сторија своето. Продажбата на дизел-автомобили со Еуро-5 во Германија е драматично намалена. А и поновите модели се продаваат лошо. Бројни автосалони се наоѓаат пред банкрот.
Реклама
Трговците со автомобили се обидуваат да се ослободат од дизел-моделите. Во Штутгарт, Акајгун Хасан порано можеше да оствари профит со продажбата на луксузни модели кои претходно биле изнајмени на лизинг. Но, забраните за возење дизел возила и построгите стандарди за емисии на штетни гасови на ЕУ кои се однесуваат на дизел-возилата, му ставија крај на овој бизнис. Дури и за оние кои ги исполнуваат построгите Еуро-6 норми. „Ова возило е Пасат, со Еуро-6 стандард. Пред половина година ќе чинеше 28.000 евра. Потоа го понудивме за 21.000 и сѐ уште немаме купувач“, вели Хасан.
Погледнете го видеото на оваа тема:
Германците не сакаат ниту да помирисаат дизел
02:30
Вратените автомобили на лизинг само го зголемуваат купот непродадени дизел-автомобили во салоните. Возилата брзо губат вредност - многу од нив веќе не можат да се продадат. Во дворот на салонот за автомобили Вили Титке во Хамбург, кој неодамна поднесе барање за стечај, се трупаат дизел-автомобили. Загубите се огромни:
„Според нашите проценки, околу 350.000 возила кои ги исплонуваат стандардот Еуро-5 се останати во салоните. Тие имаат вредност од над 5 милијарди евра. И дизел-возилата стојат во просек околу 106 дена - што го чини трговецот 28 евра дневно - така што тоа е дополнителен притисок“, вели Улрих Кестер од германското здружение за трговија и поправки на моторни возила.
Многу од дизел-возилата со Еуро-5 норма се стари 2 до 3 години - значи премногу нови за да се пресуваат, велат некои. Сега ќе им биде дозволено враќање на улиците по подобрување на нивните филтерски системи за издувни гасови. Но има големи сомневања во ефикасноста на ваквите подобрувања.
Германците и нивните автомобили
Без оглед на скандалот со дизел горивото, автомобилите се дел од германскиот национален идентитет. Но колку е навистина длабока љубовта на Германците кон пријателите на четири тркала?
Удар за автомобилската индустрија
Репутација на славните германски автопроизводители доживеа голем удар, но продажбата и натаму расте. Сепак, германските брендови сочинуваат помалку од две третини од сите возила на германските патишта. Притоа се работи за чисто машка „територија“: само една третина од сопствениците на возила во 2017 година се жени. Интересно, таа бројка воопшто не се промени во последната деценија.
Фотографија: picture alliance/dpa
Една деценија на пат
Германските патнички возила, полека старееја, од 8,1 година во просек пред една деценија, до највисокиот просек во историјата од 9,7 години во 2017. Патем, Германија воопшто не е во светскиот врв според возила по глава на жител. Таа е на 20 место - 17 места зад САД, каде на секои десет жители има осум автомобили. Најмалку моторизирана земја во светот е Того.
Земја на олдтајмери
Околу 600 илјади возила - околу 13 проценти од сите возила на германските патишта се сметаат за олдтајмери, што значи дека се постари од три децении. Околу 380 илјади имаат историски регистерски таблички кои се добиваат доколку се докаже дека возилото е сочувано со оригиналната состојба.
Фотографија: Imago/imagebroker/friederich
Постепена моторизација
На 1 јануари 2017, во Германија беа регистрирани 45,8 милиони патнички возила. Во однос на населението од 82,8 милиони, тоа значи дека има 684 автомобили на илјада жители. Денес, има пет пати повеќе автомобили во земјата отколку пред половина век, кога беа регистрирани околу 9 милиони возила.
Во земјата на БМВ
Просечната старост на возилата во Германија варира од покраина до покраина. Веројатно не е изненадување што во Баварија, домот на БМВ и покраина со најголем приход по глава на жител, просекот на старост на возилата е најмал. Просечната старост на возилата на патиштата во Бранденбург, покраината околу Берли, надминува една деценија.
Фотографија: picture alliance/dpa/A. Gebert
Германија заостанува
Иако бројот на возила на бензин остана стабилен во последната деценија, нивниот удел се намали на две третини од сите мотори во 2017. Бројот на дизел возила порасна од 10 на 15 милиони од 2008 наваму. Електричните и хибридните возила комбинирано сочинуваат само 0,5 проценти, или вкупно 200 илјади. Во Норвешка уделот на електричните возила е повеќе од 1 процент.
6 фотографии1 | 6
Механичарот Томас Лунд вели дека механичките и електронски подобрувања кај луксузните модели би чинеле најмалку 3500 евра: „Ова е крајно време за продавачите, кои сакаат да ги сносат трошоците за подобрувањата, барем делумно, да се ослободат од товарот на овие возила. Во воздух висат 5 милијарди евра, кои ги ставаат под притисок малите трговци со автомобили - и се соочуваме со гигантски бран на банкроти“, вели Лунд.
Колку долго продавачите како Акајгун Хасан ќе можат да го издржат намалувањето на продажбата на дизел-возилата вратени од лизинг е нејасно. Неговиот промет веќе сега е драматично намален.