1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ја засилува антидопинг контролата на фудбалерите

ЕМФ/дпа/сид22 мај 2014

Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) има намера од наредната сезона да ја засили борбата против допингот. Планирани се тестови на крвта на фудбалерите по натпреварите.

Фотографија: picture-alliance/dpa

„Освен тестовите на урината, ќе спроведуваме и контроли на крвта“, изјави вицепретседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Рајнер Кох. Според Кох, пробите ќе бидат земани директно по натпреварите.

Во сезоната која штотуку заврши,15 проценти од контролите на тренинзите кои ги спровела Антидопинг агенцијата НАДА, содржеле и тестови на крвта. Инаку, НАДА е надлежна за тестови на тренинзите, додека ДФБ се грижи за контроли при натпреварите. Кох најавува дека во иднина треба се смета со околу 120 дополнителни тестови на крв кои ќе се вршат по фудбалските натпревари.

Минатата година, главниот лекар на ФИФА, Јири Дворак, упати критики на сметка на бројот на контроли на крвта во германскиот професионален фудбал. „Ако се прави тоа, тогаш нека се прави вистински“, рече лекарот. „Оптимално би било кога пред почетокот на сезоната би се тестирале сите играчи во Бундеслигата. Тогаш би постоела база, врз која би можело да следуваат натамошни контроли во текот на сезоната и би се споредувале резултатите добиени на почетокот“, нагласи Дворак.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми