1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германија: Преку еден милион корона-инфицирани

ЖА / агенции
27 ноември 2020

Присуство на коронавирус првпат беше докажано во Германија на крај на јануари. Сега бројот на инфицирани ја премина симболичната граница од еден милион. Бројот на смртни случаи во тек на еден ден бележи нов рекорд – 426

Deutschland Corona-Pandemie | Gesundheitsamt testet
Фотографија: Waltraud Grubitzsch/picture alliance/dpa

Вкупниот брј на досега официјално потврдени инфекции со коронавирус во Германија, според податоците на Институтот Џонс Хопкинс од Балтимор, ја премина границата од еден милион – 1.004.898, а бројот на смртни случаи поврзани со Ковид-19 се искачи на 15.413. Со тоа, просечно секој 80. жител на земјата веќе бил инфициран со Сарс-КоВ-2.

Податоците на американскиот институт се актуелизираат почесто и по правило покажуваат повисоки бројки од официјалните на Светската здравствена организација или од оние во одделните земји.

Повеќе на темата:

Германија го продолжува и го заострува „локдаунот“

Германија има што да научи од други земји во корона-кризата

Корона-вакцина за помалку од едно евро

Германската политика со апел до граѓаните: Ве молиме, без приватни прослави

Но, кратко подоцна се јави и германскиот Институт Роберт Кох од Берлин, потврдувајќи го несаканиот рекорд – еден милион инфекции досега, дури овде бројката е и нешто повисока. Од почетокот на пандемијата Институтот Роберт Кох има податоци за вкупно 1.006.394 регистрирани инфекции со Ковид-19. Статистиката на Институтот вели дека преку 676.000 луѓе во меѓувреме се излекувани, а бројот на смртни случаи изнесува 15.586. Во текот на последните 24 во Германија има дури 426 смртни случаи поврзани со коронавирус, тоа е највисока дневна вредност од почетокот на пандемијата до денес, „рекордот" инаку беше во средата – 410 починати лица.

Првите инфекции со коронавирус во Германија беа докажани на крајот на јануари кај баварската фирма Вебасто, а потоа од крајот на февруари вирусот се прошири низ целата земја. По првиот бран, есенва низ земјата се шири и втор бран на коронавирусот со константно релативно висока дневна бројка на новоинфицирани, за денеска таа изнесува 22.806.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми