1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ја оценува политичката ситуација во Македонија како сложена

АМ/миа/макфакс6 мај 2014

Политичката ситуација во Македонија е сложена и потребна е голема одговорност од сите партии, порача германската амбасадорка во Македонија Гудрун Штајнакер. Во меѓувреме и ЛДП не ги прифати пратеничките мандати.

Фотографија: DW/S. Padori-Klenke

На новинарско прашање како ја коментира актуелната политичка состојба во Република Македонија со бојкотот од страна на опозициската партија СДСМ, официјалната претставничка на Германија во Македонија рече дека ситуацијата е сложена и побара одговорност од сите политичари и партии.

„Јас како дипломат не морам да кажам што мислам за оваа ситуација. Мислам дека оваа ситуација е сложена и бара голема одговорност на сите политичари и партии. Подготвена е и Германија да се изнајде добро решение за целата земја и за сите граѓани во неа. Тоа е важно - одговорност и решенија кои се добри за сите“, рече Штајнакер.

Германската амбасадорка ја даде изјавата по предавањето на германска донација во вредност од 2.900 евра наменета за потребите на струшката детска градинка „8 Март“.

Инаку, и ЛДП се приклучи кон одлуката на својот коалиционен партнер СДСМ и на НСДП, кои исто така донесоа одлуки за неприфаќање на мандатите. Одлуката за неприфаќање на пратеничките мандати беше донесена на Централниот одбор на партијата.

Според освоените гласови, ЛДП треба да има три пратенички места на листата на коалицијата на СДСМ.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми