1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ќе ги користи монголските ретки метали

13 октомври 2011

При посетата на канцеларката Ангела Меркел на Монголија беа склучени договори за користење на големите природни богатства на оваа земја, меѓу кои ги има и ретките метали потребни за модерната индустрија.

Bundeskanzlerin Merkel in der Mongolei
Традиционално добредојде за гостинката од Германија: Ангела Меркел на аеродромот во Улан БаторФотографија: dapd

Германската канцеларка Ангела Меркел го повика парламентот на Монголија да ја укине смртната казна. Пред пратениците во главниот град Улан Батор, Меркел изјави дека претседателот Тсакиа Елбегдорј ја презел предводничка улога во Азија, кога во 2010 година објави крај на спроведување на смртната казна. Кон ова треба да се приклучи и парламентот, подвлече Меркел.

Пред Меркел ниту еден германски канцелар не ја посетил Монголија. Земјата има 2,8 милиони жители и се вбројува меѓу десетте најбогати земји со суровини во светот. Економијата е во голем подем. При посетата на Меркел, Германија и Монголија склучија договор за партнерство во областа на суровините. Договорот треба да им овозможи на германските фирми долгорочен пристап до ретките суровини, кои се користат пред се’ во хај-тек индустријата.

Автор: АТ/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми