1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската влада го продолжува ангажманот на Бундесверот во Босна

9 ноември 2006

Со неговиот предлог за повлекување на војниците на Бундесверот од Босна и Херцеговина , германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг неодамна се погрижи за возбудувања во германската јавност. Но вчера германската влада пак предложи продолжување на мандатот на германските војници во рамките на мисијата на ЕУ во балканската земја барем за уште една година .

Фотографија: AP

Германската влада одлучи ангажманот на Бундесверот во Босна кој започна во 1995 година , одново да го продолжи за уште 12 месеци. Конечната одлука треба да ја донесе месецов Бундестагот , но се смета на согласност на парламентарците околу ова прашање.

Бундесверот во Босна е дека од досега најголемата воена операција на Европската Унија наречена Алтеа . Вкупно 6000 војници се ангажирани таму . Берлин позитивно го оценува ангажманот нагласи портпаролот на владата Улрих Вилхелм:

„Досега беа остварени значајни чекори во овновата на на Босна и Херцеговина во стабилна , мултиетничка и демократска правна држава. Безбедносната состојба во земјата од почетокот на мисијата Алтеа од пред две години се развиваше позитивно“ – истакна Вилхелм“

Тој уште најави дека поради позитивниот развој на теренот , бројот на германски војници од сегашните 3000 ќе биде намален на 2400:

Намалувањето на горната граница на персонал на 2400 е последица на намалената потреба од трупи и е во согласност со намерите на ЕУ за редуцирање на мисијата“ – истакна Вилхелм.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми