Германската влада ја осуди примената на сила во Косово
28 септември 2011Употребата на сила против војниците на НАТО-трупите е неприфатлива, изјави портпарол на германското министерство за надворешни работи во Берлин.
На северот на Косово вчера дојде до насилство и судири меѓу тамошното српско население и војниците на КФОР, при нивниот обид за отстранување на барикадите поставени од Србите. Според Бундесверот, имало истрели во правец на војниците, кои пукале над главите на демонстрантите. Повредени се осум војници на КФОР.
Причината за најновото затегнување на ситуацијата е спорот околу контролата на двата гранични премини Јариње и Брњак. Неа неодамна ја презедоа косовските и полицајците и цариниците на Еулекс, додека претходно двата гранични премини ги контролираа Србите.
Српскиот министер за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ изјави синоќа дека Србите не планираат да ги блокираат ЕУЛЕКС и КФОР, туку косовските цариници и косовската погранична полиција.
Тој нагласи дека не може да се дозволи со насилство да се инсталира државност на северно Косово. Косовската влада остро ги осуди инцидентите на „криминалните структури“ кај Јариње.
Автор: ЖА/ АТ/ дв/ бета
Редактор: Горан Чутаноски