1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Германската влада ќе ја купува таблетата против Ковид

ЕМФ | АРД
24 декември 2021

Германската влада прави напори да го купи антивирусниот лек Паксловид. Информацијата доаѓа непосредно по давањето дозвола за лекот од страна на американската агенција за лекови.

Coronavirus | Pfizer Covid Pille
Фотографија: Pfizer/REUTERS

Германија се обидува да се снабди со анти-корона лекот Паксловид најбрзо што е можно. Од Министерството за здравство се вели дека се водат „преговори со производителот за да се обезбедат контингенти“ и лекот да биде на располагање „брзо“. Покрај лекот Паксловид на компанијата Фајзер, тоа важи и за лекот Лагеврио од американската компанија МСД. Двата лека го спречуваат коронавирусот да се репродуцира.

Сѐ уште нема дозвола од ЕУ

Препаратите сѐ уште немаат добиено дозвола во Европската унија. Европската агенција за лекови ЕМА, меѓутоа, „почна со постапка на проценка со цел да биде дадена дозвола“, изјави портпарол на германското Министерство за здравство. Според него, лековите, откако ќе добијат дозвола, би требало да им бидат давани пред сѐ на ризични пациенти, како што се пациенти над 60 години и луѓе кои имаат зголемена тежина или кои страдаат од дијабетес. ЕМА минатата недела веќе се изјасни за употреба на Паксловид во ургентни ситуации, како на пример во случаи на „растечка стапка на зараза или смртност од Ковид-19“.

Американската влада нарача околу 10 милиони пакувања ПаксловидФотографија: Pfizer/REUTERS

Лекот би можеле да го земаат возрасни пациенти на кои не им е неопходна кислородна поддршка, а се изложени на ризик од тежок тек на болеста. Тоа значи дека лекот може да се употребува и пред да се добие дозвола од ЕМА, а одлуката за тоа е во рацете на националните институции. ЕМА се повикува на студија, во која лекот го добивале пациенти кај кои не е неопходна хоспитализација.

- повеќе: Ќе ги натера ли вакцината Новавакс скептиците да се вакцинираат?

Американската агенција за лекови ФДА во средата даде дозвола за употреба на Паксловид за ризични пациенти над 12 години. Според производителот Фајзер, Паксловид ја намалува опасноста од хоспитализација или смрт за околу 90%. Американската влада веќе нарача околу 10 милиони пакувања од лекот, што вкупно ќе ја чини околу пет милијарди долари.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми