Германската воена морнарица пристигна на Кипар
5 октомври 2006Израелскиот вице премиер Шимон Перез го поздрави ангажманот на германската морнарица пред брегот на Либан. Перез за време на престојот во Берлин изјави дека германското присуство ќе го лимитира криумчарењето на оружје за милициите на Хезболах. Во меѓувреме првите осум германски воени бродови со околу 1000 војници пристигнаа во пристаништето во градот Лимасол, на Кипар. Првата патролна мисија во либанските води треба да стартува денеска. Командантот на фрегатата Улрих Реинике по 13 дневното патување изјави:
„ Ние постојано изведувавме вежби, исто така и тука кога времето е сончево а водата мирна. Тоа го правевме уште од почетокот на патувањето, меѓутоа водите во средоземното море беа разбранувани и кога човек треба да вежба, тоа е навистина тешко