Германската економија и натаму е движечка сила во ЕУ
13 јануари 2007Реклама
Германскиот министер за економија Пер Штајнбрик во Берлин изјави дека нивото на задолженост во моментов изнесува 27,9 милијарди евра. За прв пат по пет години буџетскиот дефицит во Германија е под границата од 3% утврден со пакот за стабилност. Тој изнесува 1,9%. Штајнбрик е задоволен
„ Мислам дека економските бројки се многу подобри од оние кои ги проектиравме на почетокот на минатата година. Повеќето партнери од ЕУ стравуваа за германскиот буџетски дефицит. Пресметките на многумина од нив прогнозираа дефицит од 3.1 или 3% во 2006. Дефицитот од 1,9% е многу добар показател дека Германската економија повторно е локомотива на ЕУ„ рече Штајнбрик