1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дојче Бан регрутира машиновозачи во Северна Македонија

БГ/ ДПА
10 декември 2019

Германскиот железнички концерн Дојче Бан се соочува со голем недостиг на работна сила, па одлучи да побара персонал во неколку европски земји меѓу нив и во Северна Македонија.

Deutschland Lokführer
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Woitas

На германскиот државен железнички сервис му се потребни илјадници нови работници, па компанијата одлучи да ги пополни празните места со потрага низ повеќе европски земји. Дојче Бан бара машиновозачи, возачи на автобуси и електричари во четири европски држави, меѓу нив и во Северна Македонија.

Годинава веќе беа објавени огласи во Шпанија и Романија од каде беа вработени по 30 работници од бараните профили. Сега „ловот„ по работна сила ќе се шири и на Италија, Грција, Србија и Северна Македонија.

Работниците кои ќе ги исполнат критериумите ќе добијат дополнителна обука во Германија, платено учење на германскиот јазик и квалификација за одредена струка, најави денеска во Берлин шефот на персоналното одделение на Дојче Бан Мартин Зајлер.

Дојче Бан ветува усовршување и школување на заинтересираните во ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa/J. Stratenschulte

Во текот на годинава, концернот отворил 24 илјади нови работни места, но за следната година ќе му бидат потребни уште 8.000 работници од различни профили.

Најбарани се возачи на локомотиви. Во потрага по работна сила во странство се и австриската и швајцарската железница, со тоа што Швајцарија регрутира работна сила во Германија, додека Австријците огласуваат во југоисточна Европа.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми