1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската тајна служба ограбена

12 јули 2011

Претставници на владејачките партии во Германија побараа од владата да извлече консеквенци од можната кражба на градежни планови за новото седиште на Германската разузнувачка служба БНД.

Фотографија: dapd

Експертот за внатрешно политички прашања на Либералната партија, Хатфрид Волф, изјави дека службата, која се грижи за тајни информации, не смее да да има проблеми со одржувањето на тајноста. Волф е член на комисијата за контрола на тајните служби во германскиот парламент, Бундестагот. Слично се изјасни и експертот за внатрешна политика на Христијанско демократската унија, Волфганг Босбах. Според него сега најважно прашање е дали кражбата претставува безбедносен ризик за БНД и дали поради тоа се неопходно промени во градежните работи за новата централа.

Неделникот „Фокус“ претходно извести дека во прашање се повеќе архитектонски планови, категоризирани како „строго доверливи“, кои пред една година биле изнесени од силно обезбедуваното седиште на БНД во Берлин. Меѓу нив има и информации за системот на уреди за аларм, што ќе го штитат идното здание на разузнавачката служба. Камен-темелникот за новата зграда во главниот град беше поставен во мај 2008 година, а вкупните трошоци се проценуваат на околу 800 милиони евра.

Автор: СН/ТТ/дв

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми