1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЦДУ за забрзана интеграција на З. Балкан во ЕУ

БГ
22 јуни 2022

Најголемата опозициска партија во германскиот Бундестаг бара на земјите од Западниот Балкан да им се даде влез во телата на ЕУ без право на глас и пристапување кон внатрешниот пазар.

Deutschland Bundestag | Bundeswehr-Sondervermögen | Christian Lindner
Бундестагот ќе расправа за Западниот Балкан Фотографија: Lisi Niesner/REUTERS

Пратениците на ЦДУ бараат од Владата во Берлин, на ниво на ЕУ да постигне, ЕУ перспективата за шесте држави од Западниот Балкан „веднаш да стане недвосмислена, веродостојна и зацврстена со опиплив напредок".

Германскиот парламент в среда ќе дебатира за иднината на земјите од Западниот Балкан во ЕУ на иницијатива на најголемата опозициска партија ЦДУ. Во пресрет на расправата, ЦДУ поднесе предлог кој предвидува нов развој во односите со Западниот Балкан и, како што се наведува, „недвосмислена перспектива“.

Притоа, партијата на поранешната канцеларка Ангела Меркел, предлага на патот на овие земји кон ЕУ да се вметнат меѓучекори за поблиско поврзување. 

„На пример, придружно членство во заедничката европска надворешна, безбедносна и одбранбена политика без право на глас, и пат за влез кон Заедничкиот пазар на ЕУ во замена за реформи и спроведување на критериумите од Копенхаген и напредок во владеењето на правото." 

Понатамошните услови, кои ги предлага ЦДУ, би биле насочени кон отфрлање на промените на границите во земјите од Западен Балкан, отворање перспектива за нивно членство во НАТО, засилена борба против корупцијата и продолжување на „Берлинскиот процес“ за регионална соработка и развој. 

На крајот, како последен услов е наведена реформата во самата ЕУ, со што би се обезбедил нејзиниот иден капацитет за прием на нови членки.  

„И покрај големиот напредок во последните децении, Западен Балкан останува регион на латентна нестабилност, каде организираниот криминал, корупцијата и слабото судство се широко распространети. Етничките и верските прашања, исто така, опстојуваат“, се наведува во предлогот. Од ЦДУ сметаат дека е во голем интерес на ЕУ, шесте земји од регионот да постигнат „долгорочна стабилност, владеење на правото, мирно решавање спорови, цврсти демократски структури и економски просперитет.“

Целта мора да остане овие шест земји во иднина да станат полноправни членки на ЕУ, наведуваат од најголемата германска опозициска партија. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми