1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот печат за Косово

19 март 2004

Франкфуртер Алгемајне Цајтунг констатира:

”Косовските Албанци бараат државна независност, голем број Срби наспроти тоа, стремат кон претходната состојба, кога Белград владееше над Косово. Рамуш Харадинај, поранешен лидер на албанските бунтовници кој се претвори во партиски политичар, на пример, го оправдува крвопролевањето од четвртокот како револт на Албанците против статусот кво. Коштуница, ден претходно, веќе достави масло на огнот. Неговата изјава во која тврди дека албанскиот сепаратизам го покажа терористичкиот карактер, во изборот на зборовите потсетува на дикцијата на еден поранешен југословенски претседател, кој денеска седи во Хаг како осомничен воен злосторник. На тој начин деескалација не функционира.”

Ди Велт забележува:

”Њујорк, Кабул, Багдад, Мадрид – векот на новиот терор бара вложување на сите сили. Расположливите ресурси се долго време исцрпени. Ангажманот во едно кризно подрачје, условува повлекување на сили од некој друг регион. Но, не само сликите од изминатите два дена, ставија јасно до знаење дека се крие голем ризик во тоа Балканот да стане црна дупка во ЈИЕ и едноставно да биде препуштен на самиот себеси. Овој регион е врата меѓу истокот и западот и тоа е неспорно, тој е врата меѓу христијанската и исламската култура, кој меѓутоа станува елдорадо на организирани криминалци, радикални националисти и брутални расисти. Сега е потребно јасно решение. Ако сериозно се смета со мирен соживот, тогаш молиме – поголем ангжаман. Или ќе се дојде до резигнирачкиот заклучок дека во оваа задача се потфрлило.”

Нојес Дојчланд пишува:

”Адмиралот Грегори Џонсон, командант на НАТО за Јужна Европа, уште само во понеделникот, ситуацијата на Косово ја оцени како – задоволувачка. Се очекувале уште полоши судири од тие што се случуваат. Два дена подоцна, адмиралот го доби она што веројатно го очекуваше – најтешките судири меѓу косовските Албанци и Срби откако силите на НАТО пред пет години ја презедоа покраината под нивна ”заштита”. Србите, оние што преостанаа на Косово, стравуваат од погроми и од нов бран етничко чистење. И портпаролот на ОН стравува дека на некои места може да се случи најлошото. Уделот на националистичките екстремисти во најновите насилства е неспорен. Мизерната економска состојба на повеќето жители на Косово на екстремистите им носи се повеќе приврзаници. Но, одговорноста за безбедноста, како и за обновата во провинцијата, од 1999-та година ја носат ”хуманитарните интервенционисти”. Тие во средата доживеаја уште еден дебакл. "

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми