1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот шпионски софтвер омилен и во странство

Регина Менинг / Марта Таневска5 јануари 2014

Организации за човекови права и експерти го критикуваат сегашниот недостиг од рестрикции за извозот на германската технологија за надгледување. Tие велат дека прозводите можат да бидат искористени од авторитарни режими.

Фотографија: picture-alliance/dpa

За време на протестите во Бахреин во 2011, уапсените противници се осудени врз основа на приватни телефонски разговори и електронска пошта. Во Египет, набргу по револуцијата во 2011, противниците на режимот на Мубарак најдоа опрема за шпионирање во просториите на државната безбедносна агенција. Во Сирија, во првата година од бунтот против претседателот Асад, за време на испрашување, политички активист одби да ги каже своите контакти, но му беа покажани повеќе од 1.000 страници од неговите приватни Скајп разговори.

Сите овие случаи имаат две заеднички работи. Прво, сите се случија во земји каде имаше протести против репресивниот режим. Второ, во сите е вклучена опрема за шпионирање од германски компании. Експерти за софтвер и организации за човекови права кои дојдоа до овие заклучоци почнаа да алармираат.

Дополнително, податоци објавени на Викиликс покажуваат на зголемен број на патувања на претставници од германските компании за технологија за надгледување во земјите со авторитарен режим, што ја зголемува загриженоста за бизнис зделки со политички лидери.

Не се презема одговорност

Две од компаниите за кои станува збор - „Атис“ и германско-британската „Гама Груп“ - не одговорија на прашањата на ДВ за документите. Друга компанија, „Еламан“, одби да коментира поради „договорите за доверливост кои се однесуваат на портфолиото на производи“.

Според Детлеф Борчерс, компаниите нудат програми за прислушување на телефонските разговориФотографија: c't.

Во меѓувреме, „Утимако“ ја даде истата изјава за ДВ која беше дадена и претходно: Нивниот софтвер не се користи за надгледување. Сепак, експертот за софтвер Детлеф Борчерс дава поинаква слика за ситуацијата.

Според Борчерс, сите компании наведени во извештајот на Викиликс нудат програми кои можат да се користат за прислушување на телефонските разговори. Таква технологија исто така се користи и во Германија, истакнува тој. Но, Борчерс исто така вели дека не може да се споредат Германија и Сирија.

„Во демократските земји надгледувањето се случува под контрола на судиите, полицијата и властите за заштита на податоци“, вели тој. Ова ја зголемува загриженоста за употребата на ваквите алатки во диктаторските режими.

За организацајата „Репортери без граници“, ова не е изненадување. Во февруари минатата година, оваа и други меѓународни организации за човекови права поднесоа жалба со ОЕЦД против „Гама Груп“ и минхенската „Тровикор“. Тие ги обвинија компаниите дека продаваат технологија што се користела како репресивен инструмент во земјите како Бахреин.

Кристијан Мир вели дека рестрикциите треба да се решат на политичко нивоФотографија: ROG/Stefan Günther

И двете компании не признаваат никаква одговорност. Според Кристијан Мир, шефот на „Репортери без граници“ во Германија, „Гама Груп“ тврди дека програмите биле украдени на трговски саем. Организацијата бара извозот на опрема за надгледување да биде третиран исто како извозот на оружје и да биде ограничен соодветно. Засега нема такви контроли - само кодексот на однесување на компаниите важи во вакви случаи.

Сомнителниот став на германската влада

И Борчерс и Мир го гледаат ограничувањето на трговијата на меѓународна опрема за надгледување како прашање што треба да се реши на политичко ниво. Од една страна, Германија се зачлени во иницијативата „Коалиција за слобода на интернет“, што има цел да ги поддржи политичките активисти во слободно користење на интернет, а од друга страна, според официјалниот извештај за стратегија, Министерството за економија го гледа извозот на опрема за надгледување како потенцијален извор за економски пораст.

Борчерс смета дека германските компании кои се вклучени во извозот во моментов генерираат 20 милиони евра од годишните продажби. На светско ниво, овој сектор генирира до 4 милијарди евра годишно.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми