1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските војници се повлекоа предвреме од база во Авганистан

24 февруари 2012

Германските војници се повлекуваат од една од нивните бази во Авганистан порано од планираното поради стравувањето од насилни протести. Повлекувањето се должи на протестите поради палењето на Коранот во базата Баграм.

Германски војник во близина на базата ТалоканФотографија: picture-alliance/dpa

Бундесверот требаше да се повлече од базата Талокан во март. Сега, германските војници предвреме се повлекуваат во Кундус, кој е оддалечен околу 70 километри. Според телевизијата ЦДФ, базата била гаѓана со камења. Релативно малиот комплекс е тешко да се обезбедува, поради тоа што се наоѓа среде градот. Повлекувањето се должи на протестите поради палењето на Коранот во базата Баграм. Американски војници во четвртокот запалиле книги, меѓу кои и Коранот, од библиотеката на еден затвор покрај базата.

Тоа предизвика насилни протести, во кои беа убиени најмалку десет лица, меѓу кои и двајца војници на НАТО. Состојбата е и натаму екстремно тензична. Се стравува дека денеска, по петочните молитви, може да избијат нови безредија.

Американскиот претседател Барак Обама се извини поради палењето на Коранот и во писмо до авганистанскиот претседател Карзаи нагласува дека тоа не било намерно. Талибанците се закануваат со одмазда и ги повикуваат авганистанските сили да „ја променат страната“. Исламските држави го осудија палењето на Коранот. Организацијата на исламската конференција во соопштение нагласи дека настанот е во спротивност со напорите на мислиманските земји и меѓународната заедница да се борат против нетолеранција и верска омраза. Истовремено, организацијата го поздрави извинувањето на ИСАФ и на САД.

Автор: ЕМФ/дв/дпа

Редактор: А. Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми