1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските провизорни бегалски прифатилишта

Грета Хаман/ Жана Ацеска5 октомври 2014

Бројот на бегалци во Германија рапидно расте. Државата и општините не се подготвени на тоа, тие трескавично бараат можности за сместување. Во Бон една деловна зграда е пренаменета за бегалско прифатилиште.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Во бонскиот кварт Бад Годесберг, во салата во која е организрана првата информативна манифестација, е тесно и задушливо, нема места за сите. Заинтересираните пристигнаа за да дознаат повеќе за намерите на локалната управа. Директно во соседството треба да биде организирано прифатилиште за бегалци. Овој поим во последно време го користат општините и покраините се‘ почесто, иако официјално во Германија всушност не постојат прифатни центри за бегалци.

„Бројот на бегалци расте, а ние уште не знаеме како ќе биде идните месеци. Но, едно е сигурно: тенденцијата оди нагоре“, вели Томас Зомер од надлежната општинска влада во Северна Рајна Вестфалија, кој ја организираше информативната средба. Тој стои пред околу 300 граѓани, видно напнати.

Станува збор за временски притисок. Од пред неколку дена е одлучено една празна зграда во Бад Годесберг да биде користена за привремено сместување на бегалци. Денеска тој ги информира жителите, а речиси истовремено се врши адаптација на зградата: следните денови ќе бидат испорачани тоалет-контејнери, а за помалку од две недели во деловните простории ќе стигнат на преноќување и првите луѓе.

Инфо-вечер во Бад ГодесбергФотографија: DW/G. Hamann

„Пред нашите станици за почетен прифат секојдневно стојат 100 до 200 луѓе. До следниот викенд ќе успееме“, вели Томас Зомер, но најдоцна дотогаш се потребни уште места за сместување.

Германија не е добро подготвена за прифаќање бегалци

Никогаш досега во историјата на ОН немало толку многу бегалци колку денес, истакна неодамна генералниот секретар Бан Ки Мун. А промена на ситуацијата не е на повидок.

Но, се чини, Германија не е подготвена на тоа. Во Дуизбург неодамна мораше да биде подигната населба од шатори, во Келн бегалците треба да бидат сместени во една поранешно стовариште за градежни материјали, без преградни ѕидови, или, како во случајов во Бон, во поранешна деловна зграда.

Проблеми со сместувањето на бегалцитеФотографија: picture-alliance/dpa

„Стигнавме на дното во поглед на сместувањето на бегалци, а ќе биде и уште полошо“, вели Клаус-Улрих Прелс од Советот за бегалци во Келн.

Германија емитува застрашувачки сигнали во светот: лоши сместувалишта, мала грижа, злоупотреби. Бегалците делумно треба да поминат месеци во првично како привремено замислените прифатни простории, зашто нивните барања за азил бавно се обработуваат.

Но, проблемите се „домашно произведени“, смета Клаус-Улрих Пресл: „Општинската влада нема доволен број соработници, тие не можат брзо да ги обработат предметите“.

Не постои воопшто желба да им се помогне на луѓето во неволја, вели Пресл: „Можеби надлежните се надеваат на раширување на гласовите за ваквите лоши услови и во земјата да доаѓаат помалку луѓе“. Теза, која ја сметаат за можна и од големи организации за бегалци, како „Про азил“.

„Култура на добредојде изгледа сосема поинаку“, критикува Пресл.

Бончани сакаат да им помогнат на бегалците

Барем жителите на Бад Годесберг се грижат за впечатокот на толку прокламираната култура на добредојде, барем при првиот впечаток.

„Најважно е луѓето да бидат прописно сместени овде“, вели еден граѓанин од соседството. Една жена, која исто така живее во близина, укажува на неодамна обелоденетите случаи на малтратирање на бегалците и бара во организирањето на сместувалиштата да не бидат ангажирани приватни фирми: „За нас е олеснување што комуницираме со германскиот Црвен крст.“ Друг жител прашува како и каде треба да се помогне.

Сестрите Мира и Каја сакаат да помогнатФотографија: DW/G. Hamann

И двете сестри Мира и Каја Цимерман се стигнати за да се информираат како можат да им помогнат на бегалците: „Радо на младите на наша возраст би им давале часови или би им раскажувале за нашиот град“, велат тие.

Истата вечер е решено бројно понудената помош да биде координирана преку општината.

Информативната манифестација траеше повеќе од еден час. На крајот, на Томас Зомер олеснувањето му се чита од лицето, главата навистина му е уште малку црвена, но во меѓувреме може дури и да се насмевне.

„Вечерва беше многу пријатно, сум доживеал и многу поинакви вечери“, вели тој, потсетувајќи се на инфо-вечери кога десните радикали настапувале со свои пароли за непријателство кон странците, меѓу луѓето имало скептици и задршки кон странците.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми