1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските студенти на протест

15 ноември 2009

На многу универзитети во земјата, деновиве, студентите ги запоседнаа салите за предавања, барајќи подобри услови на студирање и укинување на студентските такси. За 17 ноември се закажани демонстрации на сојузно ниво.

Протест на студентите на универзитетот во АхенФотографија: picture alliance/dpa

Германската канцеларка Ангела Меркел во нејзината видео-порака вчера, посветена на образовната политика, рече:„Образованието, како да се стигне степенот - до земја на образование, ќе биде доминатна тема во наредните недели.“ Меркел најави дека во декември со покраинските премиери ќе се разговара за тоа како да се постигне целта - до 2015 година да се одвојуваат 7% од брутодомашниот производ за образованието.

Проблемите се бројни

Подготвеноста за протести на студентите ширум светот е голема, затоа што проблемите на универзитетите се универзални, имено - недоволно финансирање и премногу бирократија, оценуваат Арам Гадими, студент од Виена и Кристијан Деринг од иницијативата „Образовен штрајк“ на Универзитетот Марбург:

„Преполни сали за предавања, премалку места за определени семинари, генерален проблем со упис на факултетите, воведување приемни испити и други играничувања“, ги набројува Гадими проблемите во високото образование.

Студентскиот протест на Универзитетот Дуизбург ЕсенФотографија: picture alliance/dpa

„На универзитетите има се‘ повеќе испити, особено во сферата на природни науки каде има неделни тестови и ако тие не се положат нема да се добие ниту дозвола за да се излезе на испит. Постои принуда да се биде присутен на предавањата, дури и ако си болен. Од семинарите се „лета“ надвор само затоа што нема доволно места за сите заинтересирани. За доцентите е невозможно да организираат семинар со 80 студенти. Едноставно невозможно е да се завршат студии во регуларно предвиденото време.“

Поддршка во општеството за студентските протести

Покраинските министри неодамна ветија дека ќе ги отстранат слабите точки во спроведувањето на Болоњските реформи и од универзитетите побараа пофлескибилно да ги организираат Бечелор-студиите. Но, тоа не ги „омекнува“ студентите. Кристијан Деринг оценува дека е тоа чисто тактички потег и вели дека министрите се изненадени од големата поддршка што ја имаат студентите од страна на општеството во нивниот протест, па се обидуваат да ја смират јавноста со површински корекции.

Автор: Анке Петерман/ Елизабета Милошевска Фидановска

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми