1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германските тимови во силни групи

БГ/дпа/макфакс29 август 2014

Жрепката за фудбалската Лига на Шампионите повторно ги спои во исти групи водечките германски и британски тимови. Како и во изминатите сезони: Бајерн против Манчестер Сити, а Борусија против Арсенал.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Новата сезона во Лигата на Шампионите ќе започне со натпреварите од првото коло кои ќе се одиграат на 16. и 17. септември, а ќе заврши на 6. јуни 2015 година, со финалниот меч на Олимпискиот стадион во Берлин.

Во новата сезона во шампионската лига македонски репрезент ќе биде Агим Ибраими, чиј тим Марибор за противници во Групата ги доби екипите на Челзи, Шалке, Спортинг Лисабон.

Квалитативно најсилна е Групата Е во која се Бајерн Минхен, Манчестер Сити, ЦСКА Москва, Рома.

Група А: Атлетико Мадрид, Јувентус, Олимпијакос, Малме

Група Б: Реал Мадрид, Базел, Ливерпул, Лудогорец

Група Ц: Бенфика, Зенит, Бајер Леверкузен, Монако

Група Д: Арсенал, Борусија Дортмунд, Галатасарај, Андерлехт

Група Е: Бајерн Минхен, Манчестер Сити, ЦСКА Москва, Рома

Група Ф: Барселона, ПСЖ, Ајакс, АПОЕЛ

Група Г: Челзи, Шалке, Спортинг Лисабон, Марибор

Група Х: Порто, Шахтјор, Атлетик Билбао, БАТЕ Борисов.

Португалецот Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар играч на Европа во сезоната 2013/2014. Играчот на Реал Мадрид до наградата стигна во конкуренција на играчите на Бајерн Минхен, Мануел Нојер и Аријан Робен.

„Благодарност до моите соиграчи, без нив немаше да стигнам до оваа награда, бидејќи ова е тимска работа. Благодарност до семејството, навивачите...Мојот брат ќе го однесе овој трофеј во мојот музеј“, изјави веднаш по добивањето на наградата Роналдо.

Португалецот, минатата сезона со Реал ја освои титулата во Лигата на шампиони, а исто така триумфираше со својот тим и во шпанскиот Куп. Роналдо во Лигата на шампиони постигна 17 голови, а во целтата минатата сезона беше стрелец на 51 гол во сите натпреварувања.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми