1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Извозот кон Германија расте, проблемите остануваат

БГ
15 јуни 2022

Трговската размена меѓу Северна Македонија и Германија бележи историски висок раст, но фирмите кои се дел од заедничката комора се жалат на бројни проблеми во државата.

Северна Македонија Патрик Мартенс Ото Граф
Патрик Мартенс и Ото Граф на прес-конференција во СкопјеФотографија: Boris Georgievski/DW

Претставниците на германските компании не се задоволни од високото ниво на корупција во Северна Македонија, покажува анкетата за деловната клима во земјата која традиционално ја спроведува Делегацијата на германското стопанство. Наспроти трговската размена меѓу Северна Македонија и Германија која, и покрај корона пандемијата, бележи историски високи бројки, стопанствениците бараат подобрувања во повеќе сфери. 

Во прв ред најголемо незадоволство кај компаниите има од корупцијата и криминалот, а се бараат подобрувања и во правната сигурност, политичка стабилност, инфраструктурата, како и поголема транспарентност при јавните набавки. 

Резултатите од анкетата ги претставија Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во земјата и Ото Граф, заменик германски амбасадор во Северна Македонија. 

Релативно високи 30% од анкетираните компании, меѓу кои има и домашни фирми кои соработуваат со Германија, рекле дека не би инвестирале повторно во Македонија.
Според Мартенс, тоа се должи на повеќе фактори од кој најважниот е недостатокот на стручна работна сила во земјата. Тој потврди дека имало и еден, изолиран, случај во кој германска фирма се соочила со обид за притисок и корупција од организирана група, но бил надминат и компанијата продолжила да работи. 

Најзадоволни од вработените 

Од друга страна, компаниите во Северна Македонија изразиле задоволство од трошоците за придонеси, продуктивноста и подготвеноста за работа на персоналот. Компаниите изразиле најголемо задоволство од своите вработени, а со највисока оценка ги оцениле  продуктивноста на стручниот кадар и мотивацијата на вработените. Заменик-амбасадорот Граф оцени дека Македонците и Германците „имаат сличен менталитет и лесно се разбираат“. 

Германските фирми во Македонија вработуваат над 20 илјади луѓе

Најголем проблем за фирмите е војната во Украина, при што, дури 96,4 отсто се соочуваат со зголемени трошоци за енергија и репро материјали; 64, 3 отсто очекуваат прекин во глобалниот синџир на снабдување; а 46, 4 отсто веќе се соочуваат со недостиг на материјали кои им се потребни за производство. Повеќе од половината од анкетираните бизнисмени очекуваат состојбата да се нормализира дури во 2023 година. 

Од Делегацијата информираат дека во 2021 година од Северна Македонија во Германија се извезени добра во вредност од 3,5 милијарди евра, увозот од Германија 1,2 милијарди евра, додека вкупната трговска размена изнесува 4,7 милијарди евра и е зголемена во споредба со 2020 за 907 милиони евра.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми