Германски адвокат подготвува тужба против Холандија и ОН за случајот Сребреница
11 јули 2006�ата влада и ОН заради страдањата на цивилното население.
На денешен ден пред 11 години во Сребреница влегоа српските сили со што започна големата трагедија. Најголема одговорност за страдањата на цивилите носи холандската влада чии војници требало да ги штитат жителите и се разбира ОН под чиј мисија беше нивниот мандат, вели германскиот адвокат Аксел Хагедорн. Тој со својот тим подготвува колективна тужба против Холандија и ОН. Обвинението е составено од повеќе делови. Хагедорн се задржува на три:
„ Првиот е дека енклавата била предадена без ангажман на сините шлемови од кои луѓето во заштитената зона многу очекуваа, второ, дека не им била пружена помош на оние кои бегале кон поточари и трето, сините шлемови не известувале за тамошните настани. Да се знаело барем нешто, веројатно би имало интервенција„
Германскиот адвокат смета дека има реални шанси тужбата да биде успешна пред судот:
„ Да, ние веруваме дека имаме шанси за успех. Дури мислиме и дека имаме реални шанси. Се разбира дека такво нешто не се случува секој ден, но ние веруваме дека имаме многу добри шанси„
Тимот правници на Хагедорн кои ќе го водат процесот го сочинуваат 14 адвокати:
„ Во Холандија работиме со десет адвокати, во БиХ со четири. Соработката во изминатите две години беше одлична. Неколкупати бевме во БиХ, одржуваме контакти со многу адвокати. Без соработката со колегите од Босна нема да можевме да работиме на предметот„ вели Хагедорн
Колку ќе трае судскиот процес не може да се прогнозира бидејќи постојат повеќе правни прашања кои треба да се решат. Мора да се сослушаат повеќе сведоци кои живеат во различни држави, што ќе го оддолжи процесот.