Германски виролог предупредува од „вирусен ураган“ наесен
7 мај 2020![Deutschland München Coronavirus Intensivpflege](https://static.dw.com/image/53199377_800.webp)
Еден од водечките германски виролози вели дека следењето на инфекциите не е доволно добро и дека ризичните групи не се доволно заштитени. Според Кекуле, инаку директор на Институтот за медицинска микробиологија на Универзитетската клиника во Хале, новите олеснувања на мерките во Германија дополнително го намалуваат нивното на безбедност.
Тоа пак, според него, може да доведе до „вирусен ураган наесен“. Кекуле смета дека ограничувањата се отстрануваат премногу брзо, без одржлив концепт за заштита. Наспроти тоа, потребен е одржлив концепт за безбедност. Позитивно, според експертот, е воведувањето на механизмот за брза реакција доколку дојде до нагло зголемување на бројот на инфекциите во некој регион или покраина.
Според последните податоци на Институтот Роберт Кох последниве денови повторно расте бројот на заразени од коронавирус во земјата. Денеска бројот на новозаразени изнесува 1.284 луѓе што е големо зголемување во однос на 947 регистрирани случаи во средата. Во вторникот бројката беше уште пониска- 685.