1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски воздушни напади против џихадистите?

Геро Шлис/ Жана Ацеска21 септември 2014

Додека Германија во Советот за безбедност на ОН ја поддржува борбата против терористите од Исламска држава, во САД расте критиката кон Берлин: некои бараат поголем придонес, дури и германски копнени трупи во Ирак.

Фотографија: picture-alliance/dpa

Германија им лиферуваше оружје на курдските борци во Ирак, но дали е тоа доволно? Во САД некои германскиот удел во борбата против исламистичкиот терор го сметаат за премал: „Постои растечко очекување за нешто повеќе. Кога овде во Вашингтон разговарате со луѓето, соочени сте со очекување Германија долгорочно да учествува во воздушните напади“, истакнува за Дојче веле Михаел Верц од Центарот за американски прогрес.

Ако му се верува, со оглед што има добри врски со администрацијата на Обама, Американците од Германците очекуваат „супстанцијална поддршка на сириската опозиција во поглед на нејзина обука и вооружување, како и придонес кон доведувањето на ирачката армија во ситауција да може да се спротистави на ИД, настрана од лиферувањето оружје на курдските милиции“.

Германска преспектива

При престојот на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер неодамна во САД, за Дојче веле тој изјави дека не му се познати вакви американски очекувања.

Германија испраќа вооружувањеза курдските борциФотографија: REUTERS/Thomas Peter

„Напротив, она што ние досега го пруживме, не само што е признато, туку далеку над придонесот на кој се решија други земји. Затоа, не сум чул за натамошни очекувања од нас“.

„Интересно е да се следи како дискусијата во Германија тече сосема понаку отколку во САД“, анализира Верц.

„Германската внатрешна перспектива понекогаш има малку допирни точки со онаа надвор. Она што од германски агол изгледа како голем чекор, од аспект на размерите на кризата, како и од географската близина кон Германија, е само мал чекор“.

Германски војници во Ирак?

И според мислењето на Вилијам Дроздиак, Американците не можат да бидат задоволни од германските испораки на оружје на Курдите, дури иако германската влада со тоа прекрши долгогодишно самоограничување. За поранешниот шеф на дописништвото на „Вашингтон пост“ во Берлин и денешен претседател на вашингтонската Тинк тенк група „Атлантик Консил он Џермани“ е многу веројатна натамошна дискусија околу ангажманот на американски специјални единици во Ирак. Јазот по ова прашање меѓу претседателот Барак Обама и многумина генерали не е е надминат.

Додека Обама уште останува на својата линија на исклучување испраќање копнени трупи на САД во Ирак, генералот Демпси, шеф на Генералштабот, демонстративно остава отворена можност.

„Во случај тоа да се реализира, САД, Велика Британија и Франција би се надевале и би очекувале и Германија и останатите да дадат свој придонес“, вели Дроздиак.

На добриот познавач на германската надворешна политика уште му се свежи изјавите на германскиот претседател Јоахим Гаук и на министерот Штајнмаер за германска надворешна политика со поголема самодоверба.

Така, со засилен ангажман во актуелните најакутни кризи „Германија би можела да ги оствари своите ветувања за преземање поголема одговорност во иднина“.

Недоволна зрелост

Михаел Верц се врти кон историјата за да ја објасни растечката нестрпливост на Американците.

Неопходна широка алијанса против терористите од ИДФотографија: picture alliance/abaca

„Од аспект на САД, Германците 40 години беа под американски нуклеарен заштитен чадор, кој беше финансиран со даночни пари“. Германците на тој начин имаа обезбеден простор за да го организираат своето „економско чудо“ и да прераснат во голема извозна сила. Но, тие не пораснаа во своите стратешки и воени размислувања, критикува Верц:

„Мора да се биде свесен дека до денешен ден германските и европските интереси во врска со нафтата во Заливот се обезбедуваат не со европски, туку со американски бродови. Сега е присутно очекување Европа да стане повеќе самата одговорна.“

Не се работи само за воени акции

При вакви точки во дискусијата Германците секогаш укажуваат дека не се работи само за воздушни напади и испорака на оружје. Штајнмаер укажува-се работи за се‘опфатна политичка стратегија.

Дипломатски, на Греманија може да и‘ послужат добрите врски со Иран, земја која имаклучно значење во борбата против ИД. Шиитските милиции, поддржувани од Иран, во Ирак се покажаа како поробустни, за разлика од официјалната ирачка армија.

„Мислам дека германскиот дијалог со Иран е важен“. Германците имаат активна амбасада во Техеран. Ако сакаме да ја совладаме кризата со ИД, мора да постои некој вид соработка со Иран“, вели Вилијам Дроздиак.

Германска дипломатија со Иран

При сите тешкотии кои Западот треба да ги премости при атомските разговори со Иран, Штајнмаер исто така е убеден дека во обидот да се совлада опасноста од ИД, мораат да бидат вклучени сите соседи на Ирак во меѓународните напори.

„Иранското раководство неодамна јасно стави до знаење- не постои друга алтернатива освен соработка со САД и европските држави“, вели Верц. Затоа, потребна е концентрација на напорите заеднички со јадрото на западната алијанса, имено Франција, Велика Британија, Германија и САД, да се изврши стабилизирање на Ирак и смирување на кризата во Сирија“, заклучува Верц.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми