1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски војници веќе в лето во борбени ангажмани во Авганистан

Нина Веркхојзер 7 февруари 2008

Не е јасно колку долго ќе трае ангажманот на групата за брза интервенција од околу 200 војници. Министерот за одбрана Јунг повторно ги одби барањата германски трупи да бидат испратени и на завојуваниот југ на Авганистан

Германскиот министер за одбрана Франц-Јозеф ЈунгФотографија: AP
Цел час министерот Франц-Јозеф Јунг се обидуваше да ја исправи според него искривената слика во јавноста за ангажманот на Бундесверот во Авганистан. „Мислам дека сме таму на добар пат, но со јасен концепт на Бундесверот. Поврзана безбедност значи ангажман за стабилизација што се спроведува од четири аспекти: заштита, помош, посредување и борење“ - објаснуваше министерот. Во однос на барањето на американскиот министер за одбрана Роберет Гејст, Германија да го зголеми сегашниот контингент од 3200 војници, за да може да испрати дел од нив и на југот на Авганистан, Франц-Јозеф Јунг рече дека тоа ќе го расчистел во личен разговор со него. „Би сакал со колегата Гејтс да разговарам околу подробностите и околу нашиот заеднички натамошен ангажман. Можам само да кажам дека досега имам многу добри, доверливи и пријателски односи со колегата Гејтс и би сакал тоа така да остане и во иднина“, рече Јунг.
Запоставување на северот би била грешка од решавачко значење
Јунг би сакал да остане и досегашната поделба на подрачјата на ангажирање во Авганистан - за него не доаѓа пред вид борбен ангажман на германски војници на завојуваниот југ на таа земја: „Ние на северот, со 4 илјади војници и 14 нации, имаме одговорност за подрачје големо колку половина Германија. На југот и истокот сега се стационирани 40 илјади војници. Ако го запоставиме северот, би била направена решавачка грешка“. Таквиот став има широка подршка и во германскиот парламент. Бундесверот со трет најголем контингент во Авганистан врши голема работа - и тоа не само на северот, смета Рајнхолд Робе, повереник на парламентот за прашањата на армијата. „Ние веќе сега сме застапени и на југот со две воени компоненти - со извидувачките летови на авионите ’торнадо‘, како и со единицата за врска на аеродромот во Кандахар, која службата ја вршат и надвор од воениот логор. Очигледно сојузниците не можат да ја регистрираат таа дејност“.

►◄

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми