1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Минклер: Меркел во 2015 година спречи војна на Балканот

Среќко Матиќ
24 декември 2021

По 16 години како канцелар, Ангела Меркел се повлече од политиката. Дали денешна Германија е подобра од онаа што ја презеде во 2005 година? За нејзиното наследство разговаравме со политикологот Херфрид Минклер.

Пензионираниот професор по политички науки, Хенфрид Минклер во интервју за ДВ говори за политичкото наследство на Ангела Меркел
Пензионираниот професор по политички науки, Хенфрид Минклер во интервју за ДВ говори за политичкото наследство на Ангела МеркелФотографија: Reiner Zensen/imago images

ДВ: Професоре Минклер, Германија доби нова влада и нов канцелар. Доскорешната канцеларка Ангела Меркел 16 години ја водеше државата. Но, каква земја остави зад себе? Дали оваа Германија во 2021 година е подобра од онаа Германија која таа ја презеде во 2005 година, кога за првпат беше избрана за сојузна канцеларка?

Херфрид Минклер: Ангела Меркел по стапувањето на должност таа 2005 година имаше одреден маневарски простор за креирање, за воведување промени, но таа тие можности во голема мера не ги искористи. Таа не стана климатска канцеларка, иако презеде некои напори во таа насока, но не во толкава мерка радикално за да може денеска да се каже дека токму тоа ги обележа нејзините 16 канцеларски години. Канцеларската кариера на Меркел ја обележаа бројни кризи - од еврокризата, преку Брегзит, миграции, пандемија. И таа постојано успеваше да пронајде компромиси, не само во Германија, туку и во Европска унија.

Меркел многумина ја фалеа поради лидерските способности. Но, да не ги забораваме ни критиките, особено оние поврзани со нејзиниот прагматичен, некои ќе кажат и опорунинистички однос кон политичарите како што се Орбан, Качински, Ердоган или Вучиќ. Тоа се луѓе кои на Запад често ги нарекуваат „автократи“. Таа секогаш се обидуваше да ги интегрира, но избегнуваше јавно да ги критикува. Зошто?

Вучиќ би сакал да го издвојам од тоа друштво. Србија, имено, не е членка на ЕУ, додуша сака тоа да стане. Потешка е ситуацијата кај Орбан или кај Качински. Тука е неизбежно прашањето дали Германците во некоја рака се и преранливи по прашањето за прокламирање на одредени вредности, односно за преземање водечка улога во тој процес?

Повеќе: Ексклузивно интервју на Ангела Меркел за Дојче веле: Ќе се навикнете без мене

Ранливи во контекст на нивната  историја, Втората светска војна. Особено на истокот и на југоистокот од Европа. Ангела Меркел се фокусираше на компромиси и на заедништво, и затоа енергично не се ни фокусираше на тоа прашање.

Зад Ангела Меркел ќе остане и онаа позната реченица - „Ќе успееме“, во контекст на прифаќањето на бегалците во 2015 година. Таа тогаш рече дека ќе успееме, но, додуша, не рече како ќе успееме во интеграција на над милион бегалци. Една од причините поради кои таа тогаш донесе одлука за прифаќање на бегалците беше очигледно и Балканот. Веќе есента во 2015 година Меркел зборуваше за тоа што би се случило да не ги прифати тие луѓе, споменуваше дури и можност за дестабилизација, па и избивање конфликти на Балканот. Нејзините тогашни зборови поминаа релативно незабележани на Балканот. Вие, меѓутоа, сметате дека Меркел со тој потег спречи избивање војна на Балканот?

И натаму стојам зад таа реченица. Во последните две години, и тоа со релативно мали бројки бегалци, покрај сите тие бегалски кампови во Морија и на други места, видовме дека се доволни само неколку илјади бегалци за да ги доведе тие земји на работ на нивните можности. Ако само замислиме дека Меркел ги затвореше германските граници, оти Австрија ги затворше своите, а потоа и Унгарците. Тоа значи дека на југоистокот, од Унгарија, Хрватска, од БиХ, па сѐ до Егејското Море одеднаш ќе се најдеа половина милион, можеби и повеќе луѓе. Во таа ситуација компликуваната етничко-конфесионална рамнотежа која постои во тие краеви, а се работи за простори на кои и порано се водеа војни поврзани со распадот на Југославија, во толкава мерка би се распаднала, што би морало да се смета со опцијата повторно да дојде до големи конфликти и насилство. Којзнае како во тој случај би се развивала спиралата на насилство.

Една година подоцна: Ќе успее ли Меркел?

03:00

This browser does not support the video element.

И кога ќе се ставиме во кожа на еден рационален политичар, или како што Меркел рече дека работите мораат да се гледаат од нивниот крај, во таа ситуација беше сосема разбирливо да каже дека е подобро тие луѓе да се пуштат во Германија, каде и да сакаа да одат. Односно, да не се инсистраше на безусловна примена на Даблинскиот договор, за да се спречи Балканот, кој веќе во 1914 година, а и порано, беше буре барут на европскиот поредок, да не заврши повторно во неред.

Балканот како шупликаво југоисточно крило на Европа, како фактор кој ја загрозува стабилноста на Европа, како регион околу кој Европејците мораат да се грижат, но на мудар начин, тоа е она што ја следеше политиката на Ангела Меркел сѐ до самиот крај. И затоа мислам оти тоа сигурно играло важна улога во донесувањето на одлуката за тоа територијата на СР Германија да се искористи, така да се каже, како базен за алоцирање на проблемите кои на Балканот би можеле да имаат опасни последици.

 

Херфрид Минклер е германски политиколог чија работа се фокусира на полето на политичката теорија. Предаваше на Институтот за општествени науки на Универзитетот Хумболт во Берлин. Во октомври 2018 година се пензионираше. Во текот на својата кариера има објавено повеќе од 20 книги и е еден од најплодните германски политиколози. За неговото дело „Германците и нивните митови“ (2009) е награден со престижната Лајпцишка книжевна награда.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми