1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски став - мултиетничко и демократско Косово

Силвера Падори18 мај 2006

Преговорите за идниот статус на Косово, имплементацијата на стандардите и децентрализацијата беа темите за кои вчера во Берлин разговараа косовскиот премиер Агим Чеку и неговите домакини - шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер и претставниците на комисијата за анадворешни работи на германскиот Бундестаг

Според косовскиот премиер Агим Чеку независно Косовое легална опција за стабилност на Косово и на регионот
Според косовскиот премиер Агим Чеку независно Косовое легална опција за стабилност на Косово и на регионотФотографија: dpa-Bildfunk

“Се радувам дека во последно време има сигнали за забрзување на преговорите за статусот на Косово.Во однос на расчистувањето околу статусот кажав дека очекуваме напредок во имплементирањето на стандардите. Господин Чеку ме информираше дека ги посетува местата каде живее српскиот народ на Косово, што е значаен пропратен сигнал за преговорите околу статусот.. Очекуваме дека ќе има напредок при имплементацијата на стандардите - децентрализацијата, заштитата на културното наследство, спомениците и црквите” - изјави германскиот сојузен министер Франк Валтер Штајнмаер по вчерашните попладневни разговори со косовскиот премиер Агим Чеку. Штајнамаер на средбата со Чеку го повторил германскиот став дека целта на преговорите за статусот останува создавање мултиетничко, демократско Косово, во кое сите граѓани, независно од нивната етничка припадност, ќе можат да живеат мирно и безбедно.

За реализирање на ова од двете страни се бара поголема флексибилност и подготвеност за компромис, а на разговорите кои беа зад затворени врати Штајнамаер го информирал Чеку и за заклучокот на германскиот кабинет за продолжување на мисијата на КФОР на Косово, со што се манифестира интересот на Германија за стабилизирање на регионот.

“Ние ја објаснивме нашата позиција, дека независноста е единствено стабилно решение. Тоа е желба на народот, но едновремено и легална опција заснована врз меѓународното право, неопходна за стабилноста на Косово и регионот ”- изјави косовскиот премиер Агим Чеку по разговорите со претставниците на комисијата за надворешни работи на Бундестагот.

“Важно е двете страни да бидат подготвени на компромис и упатувам апел за ова. Мошне е важно да се има предвид тешката политичка ситуација во која се наоѓа во моментов Белград, но тоа не значи дека не треба да се почитуваат легитимните интереси на Косово” - повлече Рупрехт Поленц, претседател на Комисијата за надворешни работи на Бундестагот, кој се осврна и на обврските на Германија како иден престедавач со ЕУ по однос на Балканот. Според него значајните прашања ќе се одлучат уште годинава. Секако меѓутоа останува задачата на секој нареден претседавач со Унијата да го продолжи и придружи стабилизирањето на Балканот и европските перспективи на земјите кои во Солун беа потврдени.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми