1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски тенкови на руската граница

Бенџамин Најт
28 октомври 2016

Германија потврди дека испраќа тенкови од типот Леопард 2 во Литванија како дел од плановите на НАТО за засилување на безбедноста на балтичките држави. Присуството е симболично, но и контроверзно.

Deutschland Bundeswehr Panzer Leopard 2
Фотографија: imago/C. Thiel

Заштитата на Литванија од Русија ќе биде одговорност на Германија, според најновите одбранбени планови на НАТО кои се појавија за време на овонеделниот самит во Брисел. Германскиот министер за одбрана во средата потврди колку сериозно ја разбира оваа задача, откако за новинската агенција ДПА потврди дека следната година Германија ќе испрати тенкови од типот „Леопард 2“ на територијата на балтичката земја која се граничи со Русија, како засилување и дополнување 650 војници кои претходно беа ветени – иако не појасно колку точно ќе бидат испратени.

Овој потег е дел од поширокиот план на НАТО за заштита на балтичките земји, членки на Алијансата, кои искажаа загриженост поради растечките амбиции на Русија по анексирањето на Крим во 2014 година и војната која следуваше потоа.

Батаљон на НАТО од околу 1.000 војници ќе биде стациониран во Литванија од јуни следната година. Од 450 до 650 од овие војници треба да бидат од германската армија, а другите од Франција, Белгија и Хрватска. Германските медиуми јавија дека воените единици ќе бидат опремени со текнови, оклопни возила, снајпери и инжењери.

Одбрана од одбранбените мерки

Секоја од најмоќните членки на Алијансата ќе испрати свои трупи со цел да се зајакне одбраната на земјите кои се граничат со Русија. Додека Германија и помага на Литванија, Полска ќе биде под заштита на САД, Латвија ќе биде домаќин на војската на Канада, а во Естонија ќе бидат присутни британските воени сили. 

Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Wüstneck

Веројатно е дека овој план дополнително ќе ја антагонизира Русија, чија влада веќе ги критикуваше воените планови на НАТО во регионот. „Алијансата ги концентрира нејзините сили на границите каде што речиси не постои закана од истокот“ изјави рускиот министер за надворешни работи во летото оваа година.

Германскиот министер за одбрана Урсула фон дер Лајен ги бранеше мерките, нарекувајќи го поставувањето на воените трупи „соодветно“ и „одбранбено“. „Ова е јасен сигнал дека напад на било која земја на НАТО ќе биде сфатен како напад на сите 28 земји членки на НАТО“, изјави таа.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг исто така потенцираше дека мисијата е одговор на руската агресија. „Русија е спремна да ја искористи својата воена моќ“, изјави тој во Брисел. „Неопходно е НАТО да одговори на тоа“.

Густав Гресел, експерт за Русија во Европскиот совет за надворешни односи верува дека новите планови на НАТО се одмерени со оглед на околностите. „Русија сеуште има воена надмоќ во регионот, во размер пет спрема еден“, изјави тој за ДВ. „Ова воопшто не е закана или офанзива против Русите – туку само претпазливост, мала реакција на зголемената воена мобилизација која се одвиваше во Русија. Ова не го менува воениот баланс на Балтикот“. 

Спорна американска помош на бугарското небо

03:14

This browser does not support the video element.

Балтички стравови 

Всушност, балтичките држави би сакале НАТО да испрати повеќе воена сила во нивните гранични региони, вели Гресел. „Од 2009 година Русија ги обучува своите сили за сценарија за инвазија на балтичките земји“ вели Гресел. „За Балтичките земји тоа е реалност“.

Иако е економски изолирана и не може да си дозволи да зазема нови територии, политичкиот систем на Русија има потреба да покаже воена моќ пред својата популација, тврди Гресел. „Станува се потешко да се предвиди што следно ќе направи Русија или кога ќе ги забележи воените провокации. Затоа е подобро да се биде на безбедната страна и да се упати сигнал до Русија дека нема да може лесно да дојде до Балтикот“.

Истовремено, НАТО се обидува да постави баланс. „Мора да се осигурате од ризикот дека Русија ќе се однесува авантуристички", вели тој. „Но, од друга страна, не сакате на ја наведете Русија во исполнување на сопствените пророштвата за закани од надвор. Според мене, таквиот наратив е само за домашна употеба и нивната војска знае дека НАТО нема да нападне“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми