Германски топ десет
28 февруари 20111. Grenade - Bruno Mars
Вториот сингл на Bruno Mars повторно забележува најголем профит во Германија и останува на првата позиција. Пејачот од Хаваи во меѓувреме се подготвува за турнејата низ Велика Британија и откри дека кога работи на нов метеријал, знае да остане со денови сам во студио. „Се надевам дека луѓето забележуваат дека напорно работев и дека успехот не дојде преку ноќ“, истакнува тој во интервју за „Дејли мирор“.
2. Born This Way - Lady Gaga
Новиот сингл на Lady Gaga влегува како новитет директно на втората позиција во Германија. По се` погласните забелешки дека Born This Way многу потсетува на хитот Express Yourself на Madonna, Lady Gaga откри дека на кралицата на поп-музиката многу и` се допаѓа нејзината нова песна и додаде дека таа отсекогаш била нејзин идол.
3. Stay - Hurts
Впечатливи по нивниот екстравагантен изглед, честопати сериозен поглед и мелодраматичен електро-поп, Hurts во Велика Британија за кратко време станаа голема надеж за развојот на тој жанр.
4. Rolling in the Deep - Adele
Иако бележи пад за две места во однос на минатата недела и се пласираше на четвртата позиција, сепак, во нејзината татковина Велика Британија постави нов рекорд. Со два сингла и со два албума е меѓу првите топ 5 на британската топ листа.
5. Coming Home - Diddy-Dirty Money
Diddy, еден од најуспешните американски рапери, досега има заработи милиони. Со новиот проект Diddy-Dirty Money, вели дека сака да освојува нови простори во светот на музиката.
6. We Are the People - Empire of the Sun
7. Higher - Taio Cruz feat. Kylie Minogue
8. Hey (Nah Neh Nah) - Milk & Sugar vs. Vayo Con Dios
9. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole
Hа деветата позиција нема промена и неделава тука се пласираше хитот, кој со недели беше на врвот на топ листата во Германија.
10. Mirrors - Natalia Kills
Екстремно амбициозна и голем перфекционист - вака се опишува себеси 24-годишната Британка. Нејзин ментор е Will.I.Am од Black Eyed Peas, кој пред три години ja зема под договор во својата издавачка куќа.
Извор: Media Control GfK
Обработка: Александра Трајковска
Редактор: Трајче Тосев