1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германски топ десет

28 март 2011

Оваа седмица важи мотото: Секој со секого: Jennifer Lopez се враќа на сцената со нов сингл, тука е и Lady Gaga, која напиша две песни за новиот албум на JLo, а и диџејот Martin Solveig од тенис, преминува на фудбал.

Jennifer Lopez
Јенифер ЛопезФотографија: AP
1. Born This Way - Lady Gaga

Минатата седмица на Lady Gaga и` успеа да се искачи на врвот на Германскиот топ десет само врз основа на дигиталната продажба на нејзиниот нов сингл. Сега на тоа се додаваат и бројките од продажбата на це-дето со синглот. Сепак, Lady Gaga има други причини за загриженост. Властите во Малезија цензурираа дел од песната, по што таа ги повика нејзините фанови на протести.

2. Grenade - Bruno Mars

Bruno Mars успеја да ја одбрани вицешампионската позиција, но помалку успешен беше на доделувањето на германските музички награди ECHO. Tој настапи на манифестацијата во Берлин, но иако беше номиниран во категоријата „Најдобар дебитант на меѓународно ниво“, мораше да си замине со празни раце.

3. Hollywood Hills - Sunrise Avenue

Синглот Hollywood Hills е првата песна од новиот албум на финскиот состав Sunrise Avenue, насловен Out Of Style. Плочата излезе во продажба овој петок, а на него има вкупно дванаесет синглови.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми