Германски топ десет
27 јуни 20111. Party Rock Anthem - LMFAO
LMFAO и натаму остануваат на првото место на германската сингловска листа. По огромниот успех што по постигнаа со синглот Party Rock Anthem, дуото почнува да добива многу понуди за соработка. Еден од нив е и раперот Kanye West. Redfoo, еден од членовите на составот, истакна дека тие веќе се сретнале за да разговараат за новиот проект.
2. Mr. Saxobeat - Alexandra Stan
Mr. Saxobeat се смета за еден од големите летни хитови во Германија, а доказ за тоа е и високиот пласман на Романката Alexandra Stan на германскиот топ десет. Таа доаѓа од Романија, а освен успехот во Германија и Велика Британија, таа се пробива и на рускиот пазар. Специјално за таа замена, таа сними и руска верзија на нејзиниот хит.
3. Give me Everything - Pitbull feat. Ne-Yo, Afrojack & Nayer
Минатиот петок излезе во продажба новиот албум на раперот, насловен Planet Pit. Станува збор за мешавина од поп, рага и рап, а заедничката нишка е тоа што на поголемиот дел од песните може добро да се танцува. Pitbull сепак откри дека еден од неговите фаворити и баладата со Kelly Rowland.
4. On the Floor - Jennifer Lopez feat. Pitbull
Jennifer Lopez има уште една причина за славење - таа доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Сепак, официјалното „предавање“ на ѕвездата, со сите придружни церемонии, ќе се случи следната година.
5. Price Tag - Jessie J feat. B.o.B
Јеssie J минатата недела си ја скрши ногата при незгода за време на пробата за настапот на фестивалот Glastonbury. Но, тоа не ја спречи сепак да се појави на сцена. Иако мини-концертот го помина седејќи на голем, црвен трон, британската пејачка беше добро расположена и не ги разочара бројните фанови.
6. Sweat - Snoop Dogg vs. David Guetta
Францускиот диџеј David Guetta се подготвува за нова офанзива - наскоро треба да излезе неговиот нов албум Nothing But The Beat. Освен со Snoop Dogg, на новата плоча тој соработува со Akon, Jennifer Hudson, Sia, Timbaland и неговиот омилен пејач Usher. Сепак, една желба му останува неисполнета. David Guetta би сакал да соработува со Lady Gaga.
7. The Edge of Glory - Lady Gaga
Lady Gaga неделава бележи скок од цели триесет позиции со синглот The Edge Of Glory, преземен од нејзиниот нов албум Born This Way. Таа минатата недела претојуваше во Токио, каде одржа добротворен концерт за жртвите од катастрофалниот земјотрес и цунамито. Lady Gaga од настапот не зеде ниту цент - напротив, таа дури самата си го платила патот и сместувањето во јапонскиот главен град.
8. A Night Like This - Caro Emerald
Холанѓанката Caro Emerald се` уште добро се држи на Германскиот топ десет. Неделава дури бележи искачување од една позиција и се пласира на осмото место.
9. Set Fire to the Rain - Adele
Зад нас е првата половина од 2010 година, а во татковината на Adele, Велика Британија, веќе е надминат рекордот во продадени албуми преку интернет - досега над десет милиони. Албумот 21 на Adele се смета за главен носител на продажбите, а потоа следуваат студиските остварувања на Bruno Mars, Lady Gaga и Jessie J.
10. The Lazy Song - Bruno Mars
Bruno Mars e еден од дебитантите на годината, а покрај многубројните обожаватели ширум светот, тој на своја страна ја има и Janet Jackson. Taа во интервју истакна дека Bruno Mars, заедно со Lady Gaga и Adele спаѓа меѓу музичарите кои најмногу ги слуша во моментот.
Автор: Media Control GfK/Tрајче Тосев
Редактор: Александра Трајковска