Германски топ десет
1 март 20101. Kesha - Tik Tok
Kesha со Tik Tok и натаму стои на врвот на Германскиот топ десет, додека пејачката работи на спотот за новата песна, насловена Blah Blah Blah. Видеото се снима во Лос Анџелес а Kesha повторно ќе се појави во провокативна улога. Приватно, Kesha е соло, а потенцијалниот дечко морал да биде доволно силен да се справи со успешна и дива девојка како неа.
2. Die Atzen Frauenarzt & Manny Marc - Disco Pogо
3. Keri Hilson - I Like
Зад огромниот хит на американската пејачка Keri Hilson стои германскиот продуцент David Jost, кој во својата татковина не е особено познат, но затоа во САД соработува со продуценти од калибарот на Timbaland. Jost, роден во Хамбург, ја напишал песната уште на почетокот од 2009 година, за подоцна да се најде на албумот на Keri Hilson и на саундракот за новиот филм на германскиот актер Til Schweiger.
4. Unheilig - Geboren um zu leben
5. Lady GaGa - Bad Romance
Lady GaGa минатата недела одржа неколку концерти во Англија, во рамките на својата Monster Ball турнеја, а за да ја заштити својата приватност, пејачката се послужи со неколку трикови. Имено, Lady GaGa пушти неколку празни лимузини во повеќе луксузни ресторани во градот, со цел да ги збуни фановите и папараците. Во меѓувреме, таа уживала во тостот и чајот во својот хотелски апартман.
6. Stromae - Alors On Danse
Изминатата година од Белгија дојде Milow, сега го имаме Stromae. Неговото вистинско име е Paul Van Haver, а кога е уметничкото име во прашање, повторно мора да објсаниме што тоа значи. Всушност, поедноставно е отколку што изгледа, Stromae е зборот Maestro, разделен на два слогоа, кои потоа се повторно споени во обратен редослед. Stromae ја почнал својата музичка кариера во раперскиот состав Suspicion, а ова е неговиот прв соло-обид, со кој веќе го освои врвот на листата најданунлодирани синглови во Франција.
7. Owl City - Fireflies
Младиот музичар доаѓа од југот на Минесота, а доколку се прашувате што значи неговото уметничко име, Owl City, приказната оди отприлика вака. Owl значи був, а кога Adam Young бил второ одделение некој од неговите соученици донел був на училиште, кој неговото семејство го чувало како милениче. Сепак, откако тој ја извадил птицата од кафезот, таа почнала како споулавена да лета низ училницата, а децата исто така почнале испаничени да трчаат наоколу. Оваа доживување ми остана врежано во сеќавањето, вели Adam Young.
8. Aura Dione - I Will Love You Monday
9. The Black Eyed Peas - Meet Me Halfway
Black Eyed Peas неделава срушија уште еден рекорд во САД, тие станаа првиот бенд кој по цели 19 години успева трет пат по ред да го освои врвот на сингловската листа со песни од еден албум. Нивниот нов сингл, Imma Be, се искачи за две позиции до шампионскатана Билборд топ сто, спуштајќи ја Kesha на второто место.
10. Bushido - Alles wird gut
Извор: Media Control GfK/ТТ
Редактор:Александра Трајковска