Германски топ десет
12 април 20101. Lena Meyer-Landrut - Satellite
Речиси 45 години по првата и единствена победа на Германија на Евровизија, Lena Meyer-Landrut би можела конечно да и` донесе славје на нејзината родна земја. Според прогнозите на европските обложувалници, Lena ја предводи листата на фаворити за галата што ќе се одржи во Осло. Инаку, во изминативе десетина години, прогнозите на обложувалниците скоро секогаш се исполнувале.
2. Stromae - Alors On Danse
3. Unheilig - Geboren um zu leben
4. Nena - In meinem Leben
99 Luftbalons е синглот по кој ќе остане запаметена, но Nena има уште голем број други хитови, а годинава го издаде и новиот албум, Made in Germany. Така е насловена и нејзината роденденска турнеја, која почна во четвртокот, а во чест на нејзиниот педесетти роденден, ќе одржи педесет концерти низ Германија.
5. Gossip - Heavy Cross
6. Cheryl Cole - Fight For This Love
Fight For This Love е актуелниот сингл на Cheryl Cole, а се чини дека таа навистина се бори за љубовта. Во потрага по лек за скршениот брак со нејзиниот сопруг, фудбалерот Ashley Cole, Cheryl стигнала до една гатачка. Таа наводно ја убедила дека тие двете се сродни души од некој претходен живот и дека Cheryl мора задолжително да дојде на уште една сеанса.
7. Kesha - Tik Tok
8. Shakira - Gipsy
Shakira открива дека инспирација за песната пронашла во нејзиниот начин на живот. „Откако станав популарна, постојано патувам, и некогаш навистина се чувствувам како номад.“ Меѓутоа, не е страшно, вели пејачката, бидејќи на тој начин се запознала со многу други земји и култури.
9. IYAZ - Replay
10. David Guetta ft. Kid Cudi - Memories
По огромниот успех што го постигна со албумот One Love, David Guetta се претвори во еден од најбараните продуценти на денешницата. Од неговата работилница на 7 мај треба да излезе новиот сингл на Kelis, насловен Acapella, што воедно претставува најава за нејзиниот нов студиски албум.
Автор: Трајче Тосев
Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска