Германски топ 10
17 јануари 20111. The Time (Dirty Bit) - Black Eyed Peas
Black Eyed Peas остануваат шампиони во во Германија со синглот The Time од новиот албум The Beginning. Иако тој штотуку излезе на пазарот, членовите на авантгардниот состав веќе размислуваат за следното студиско остварување, за кое велат дека ќе биде поразлично од се` што досега направиле.
2. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole
По петнаесетте недели поминати на првото место, Israel Kamakawiwole мора да се задоволи со втората позиција за синглот, кој иако не е воопшто нов, благодарение на него бпреминува во вистинска класика - Over The Rainbow.
3. We Are the People - Empire of the Sun
Дуото Empire Of The Sun доаѓа од Австралија, а формирани се во 1996 година. Првиот позначителен успех го постигнаа во 2009 со темата Walking On A Dream. Моментално се актуелни со хитот We Are The People, кој дури го освои и шампионското место на Германскиот топ десет во декември.
4. Firework - Katy Perry
Katy Perry неодамна објасни дека инспирацијата за песната ја нашла во книга, која неодамна ја читал нејзиниот сопруг Russel Brand. Во неа авторот вели дека сака да биде опкружен од позитивни луѓе, кои постојано имаат нешто позитивно да кажат и кои едноставно се како огномет. Fiework, четврта позиција оваа седмица за Katy Perry.
5. Barbra Streisand - Duck Sauce
Членовите на дуото Duck Sauce работат заедно од септември 2009 година и нивната цел е, како што велат, да создадат диско-хаус синглови што потоа диџеите ширум светот ќе ги пуштаат во своите сетови. Duck Sauce досега имаат издадено колекција синглови, насловена Greatest Hits, но вниманието го привлекоа дури кон крајот на минатата година со темата Barbrba Streisand.
6. Just the Way You Are - Bruno Mars
Just The Way You Are, синглот со кој Bruno Mars се` уште е актуелен во Германија. Во САД, пак, тој веќе го освои врвот на Билборд листата со новата песна Grenade. Toj инаку има 25 години и е роден на Хаваи.
7. Higher - Taio Cruz feat. Kylie Minogue
Дваесет милиони евра - толку ќе чини само сцената која Kylie Minoguе ја подготвува за својата светска турнеја. Австралијанката вели дека тоа ќе биде спектакл во кој ќе ужива секој нејзин обожавател. Во придружба на Kylie се и танчери, воздушни акробати и придружни вокали, за кои се` на се` се сошиени над двесте различни костими.
8. Winter - Unheilig
Најуспешниот германски музичар во 2010 година многу успешно ги крие деталите од својот приватен живот, но сепак е многу близок до своите обожаватели. Отсега дури и за младите родители нема да биде проблем да ги посетуваат неговите концерти - имено Unheilig е првиот бенд кој нуди згрижување на децата за време на нивниот настап.
9. Who's That Chick? - David Guetta feat. Rihanna
Rihanna веќе постави нов рекорд во Велика Британија. Таму моментално го држви врвот на листата со синглот What's My Name, што ја прави прва пејачка, која во текот на изминатите пет години имала барем еден сингл што го освоил врвот на Британската сингловска листа.
10. Only Girl (in the World) - Rihanna
Извор: Media Control GfK/Трајче Тосев
Редактор: Симе Недевски