1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Јасни сигнали за раст“ на германската економија

Дирк Кауфман
27 декември 2021

Повторно има мрачни облаци: нов сој на вирусот, инфлација, снабдување... Но, анкетата на Институтот на германската економија меѓу 2.800 компании од сите 48 сектори покажува всушност сѐ уште невиден оптимизам.

Elektroindustrie   Produktion bei ebm-papst
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Maurer

Институтот на германската економија (ИВ) ја објави својата годишна прогноза и таа е сумирање на очекувањата на професионални деловни здруженија, а таа е спроведена во над 2.800 компании низ Германија. Испитувањето е претежно спроведено во ноември, значи веќе и во тие фирми се знаеше дека повторно расте бројот на новозаразени, оти повторно се заканува нов сој на вирусот, а се знаеше и за поскапувањето и за сѐ посериозната инфлација, на своја кожа се почуствувале и дека производствениот синџир сѐ уште е загозен со испораките, а се знаеше и оти во Берлин има нова влада.

Сите овие фактори можеби би требало да насочуваат кон внимателност, но резултатот од испитувањето покажа „широк оптимизам“ во практично сите сектори, ни вели дирекоторот на Институтот Михаел Хитер. Иако, тој зборува за „исклучителна атмосфера на очекувања“, бидејќи инаку има вообичаени разлики во циклусите во одделни сектори: кога оптимизам ќе ја зафати „опашката“ во економскиот синџир - на пример туристичкиот сектор и потрошувачката, а почетокот на синџирот - тешката индустрија и машинското инженерство обично одат кон дното на кривата.

Михаел Хитер, директор на Институтот на германската економија Фотографија: Wolfgang Kumm/dpa/picture alliance

Исклучително единство во оптимизмот

Тоа е толку огромен исклучок што тие се оптимисти - речиси сите. Иако, шест од 48 професионални здруженија велат дека денска стојат значително полошо отколку пред една година, а тоа се области кои се најтешко погодени од мерките против пандемијата.

Како пример Хитер го наведува секторот за велесаеми „бидејќи се откажани 70% од нив во минатата и оваа година“. Тешко е погодено и бродоградителството, пред сѐ крузерите кои масовно се нарачуваа пред пандемијата, но во тој сектор сѐ уште има голем страв и (пре)скапи мерки за заштита на туристите.

Повеќе: Празни рафтови и недостаток на бензин: се заканува ли британското сценарио во Германија?

Има проблеми и од друг вид кои се создале, на пример во индустиријата за хартија: работата од дома, но и сѐ помалите тиражи на весниците десеткуваа сигурни извори на стара хартија за рециклажа, што пак ја лансираше нејзината цена до небо. Непосредна жртва на мерките против пандемијата е секако секторот за услужни дејности „кои веднаш мораа да ги затворат вратите или се тешко оптоварени со правилата за пристап и проверка на вакцинираните или оздравените и на кои им е тешко да ги прилагодат своите капацитети“, вели Хитер. Но, дури и во тие сектори речиси никој не очекува дека ќе биде полошо.

Малку помал оптимизам има во финансискиот сектор: таму се жалат на ниски маржи, а и светот на парите станува дигитален, па така неминовно ќе има уште затворања на филијали.

Но, и банките веќе знаат дека во економијата владее оптимизам и оти се подготвуваат нови вложувања, така што и финансикиот сектор очекува подобри денови, барем низ кредитното работење.

Во Германија недостигаат 80.000 возачи

02:55

This browser does not support the video element.

И работа и заработка и инвестиции...

Но, како што ни вели директорот на Економскиот институт, повеќе од половина од анкетираните компании очекуваат повеќе работа и подобри денови во 2022 година практично во сите сектори. Сè уште има најмал оптимизам во градежниот сектор, но само затоа што тој навистина не страдаше премногу од пандемијата.

Повеќе: Рекорден раст на германскиот долг, расте и стравот од инфлација

Хитер всушност резимира дека Германија помина низ оваа криза релативно добро, барем кога станува збор за пазарот на трудот. Тој ја пофали политиката што брзо и ефективно помогна да се поддржат вработените кои мораа да останат дома, што многумина спаси од невработеност.

А работа ќе има: 21 од 48 секторски здруженија велат дека ќе им требаат повеќе луѓе следната година, почнувајќи од фармацевтската индустрија, металната и електричната индустрија до превозот, ИТ, но и во секторот за лизинг и инвестиции, исто како и во маркетинг секторот.  Всушност веќе постои неизвесност дали компаниите воопшто ќе најдат луѓе, кои ќе им бидат потребни во 2022.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми