Германците бараат алтернативи за греење во лето
29 јули 2008Цената на електричната енергија во изминатава половина година во Германија се зголеми толку многу како никогаш досега. Затоа итно се потребни нови начини и решенија со цел да се намалат што е можно повеќе трошоците за струја. Од оваа причина голем број луѓе се одлучуваат да инсталираат соларни уреди на нивните гаражи. „Инсталирањето е едноставно, а пак добивката од тоа е голема.„-вели Гинтер Јеш од студентското здружение од Кобленц.
Принципот на работа е едноставен
Во текот на денот сончевата енергија се собира во резервоарите на уредот и доколку има потреба може да се користи за капење или греење. На тој начин се заштедуваат трошоците за електрична енергија, а освен тоа оние семејства што користат соларна енергија добиваат финансиска помош од државата.