Германците и интернет
29 јуни 2007
Во Саксонија Анхалт во источниот дел на Германија интернетот се уште не е стигнат во посакуваниот обем. Само секој втор над 14 години е онлајн поврзан, пишува и-мејл пораки или сруфа во мрежата. На тој начин, овој главно земјоделски регион се наоѓа далеку зад користењето на интернет во Германија. Во Хамбург, Дармштат или Келн напротив, двајца од тројца граѓани располагаат со приклучок во мрежата. Тоа е дигиталниот јаз меѓу селото и градот и меѓу Исток и Запад, вели Рајнхолд Хорстман од институтот Инфратест. Веќе седум години истражува кој во Германија оди на онлајн, а кој не:
„Во врска со разликата Исток-Запад, меѓу старите и новите покраини, во последниве години нема напредок. Ако попрецизно се посматра ќе се види дека се случува спротивното. На тој начин разликата останува зацементирана„.
Нерамнотежата меѓу мажите и жените напротив, се намали. 54 насто жени во Германија во меѓувреме користат интернет – како никогаш досега. Уште една групација се отвора кон интернет: повозрасните. Просечниот корисник на интернет веќе нема 20 или 30, туку точно 40 години.:
„Тоа е развој вреден за внимание, зашто старосните групи од 40 години нагоре имаат големи потенцијали и во меѓувреме се’ позасилено се приклучуват. Стапките на пораст овде се поголеми отколку кај младите меѓу 14 и 29 години. Мрежата веќе не е толку ’млада’, на пример, како пред десет години„.
Од тие причини и индустријата мора да се прилагоди на постарите корисници. Не само со понесериозни понуди во мрежата, туку и со специјални хардвери за повозрасните. Најголемиот европски произведувач на компјутери „Фуџицу-Сименс„ на пример, од пред една година нуди компјутери за клиенти над 50 години. Апаратот има поголеми тастери, поедноставна машинерија и на корисниците им се инсталира во домовите. Сепак, овој компјутер се уште не е вистински продажен хит, вели Бернд Бишоф од „Фуџицу- Сименс„:
„Овој концепт кај половина од генерацијата 50-плус е добро примен, кај другата половина не. Она што не мина добро е поголемата тастатура, за која ние мислевме дека ќе биде добра„.
Имено, повозрасните не сакаат да бидат третирани како такви. Поедноставна техника - радо, меѓутоа, ве молиме, не толку очигледно. Зато Бишоф повеќе се надева на пораст кај сосем младите корисници. Досега не секое училиште имаше пристап кон мрежата. Бишоф во тоа гледа голем потенцијал:
„Јас отидов на училиште со шест години и во секоја година добивав неколку книги од училиштето, значи не морав сам да ги платам. Така би било и кога сега се оди на училиште: да се добие нотбук за учениците чии родители тоа не можат да си го дозволат. Би добивале поддршка од државата, зашто ние постојано зборуваме за тоа дека образованието е најважно„.
Сепак, дури и ако секој ученик добие лаптоп и пристап кон мрежата – нема наскоро да има интернет за сите во Германија. Рајнхолд Хорстамн верува дека бројот на корисниците за неколку години ќе се покачи на 80 проценти. Меѓутоа, со мал трик владата би можела тој број да зголеми. Земји како Естонија, тоа веќе го направија: имено ако во иднина пристапот кон властите биде можен само онлајн, тогаш и последниот контраш на интернет ќе мора да влезе во мрежата.