1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците се поскептични за воениот ангажман во Авганистан

12 октомври 2007

Денеска германскиот Бундестаг одлучува за продолжувањето на двете германски воени мисии во Авганистан. По препорака на Владата се очекува пратениците да го продолжат мандатот на овие две мисии за уште една година.

Од седница на БундестаготФотографија: picture-alliance/ dpa

Меѓу германското население ангажманот на Бундесверт во Авганистан наидува се повеќе на скептицизам. Речиси половина од испитаниците во последните анкети се изјаснуваат за повлекување на германските војници од оваа земја. Пратениците во Бундестагот денеска и покрај тоа ќе одобрат продолжување на мандатот на двете воени мисии во Авганистан (ангажманот на шесте разузнувачки авиони торнадо во северниот дел на земјата, како и учеството на Бундесверот во меѓународните заштитни трупи ИСАФ), за уште една година.

Во речиси во сите партии, преовладува миселњето дека Авганистан не треба да биде оставен на цедило. Освен тоа министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг непосредно пред денешното гласење, истакна дека досегашниот ангажман во никој случај не е неуспешен: -Ја ослободивме оваа измачена земја со 28 милиони луѓе од терористичкото владеење на Талибанците. Се погриживме за тоа за има избран парламент, и устав. Порано девојчињата не смееја да одат во училиште, а сега наместо еден милион, во училиштата има 6,5 милиони ученици. Имаме и ситуација во која 4,7 милиони бегалци се вратија во земјата - изјави Јунг.

Бундесверот согласно мандатот треба да ја подржи обновата на Авганистан, етаблирањето на демократските структури и способноста за дејствување на избраната централна влада. Владејачката коалиција во Берлин на Христијанско демократската унија и на Социјалдемократската партија, во парламентот може да смета на гласовите на опозициските партии на Либералите и на Зелените. Меѓутоа, овојпат ќе бидат помалку за разлика од претходните изјаснувања за продолжување на мандатот на Бундесверот во Авганистан.

Повеќето пратеници на Зелените на пример, согласно одлуката постигната на последниот партиски конгрес ќе се воздржат од гласање за подршка на мандатот на шесте авиони за разузнување од типот Торнадо. Имено за торнадата постои сомневање дека доставуваат информации кои се корисатат за воздушни напади на сојузничките сили во Авганистан, во кои честопати има и цивилни жртви .

Како единствена партија, опозициската Левица, во парламентот повторно одлучно ќе го отфрли германскиот воен ангажман во Авганистан. Според нив тоа претставува грешка: - Тероризмот според мое мислење но и според бројките не е ослабнат, иако се повеќе војска се ангажира за негово искоренување. Убеден сум дека војската нема да го победи тероризмот, туку тоа ќе биде мировната работа за обнова на Авганистан – смета шефот на партијата Лотар Биски.

Инаку мандатот на Бундесверот во Авганистан опфаќа 3500 војници како и шест разузнувачки авиони тронадо. Трошоците за наредната година ќе изнесуваат 487 милиони евра.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми