Пингвини од истополова двојка во берлинската Зоолошка градина наскоро би можеле да станат родители.
Реклама
Скипер и Пинг се геј-пингвинска двојка во Зоолошката градина во германската престолнина. Тие би можеле наскоро да станат родители- посвоители. Според Ања Зајферт, вработена во Зоолошката градина во Берлин брзо се покажало дека тие си припаѓаат еден на друг и станале двојка, а подоцна покажале желба да исквачат јајце. „Затоа почнаа да земаат камења или риба која не ја изеле, и се грижеа за нив многу добро“, вели Зајферт.
Истополова двојка пингвини посвои јајце
01:32
Вработените во золошката зедоа јајце од друга двојка, која не беше грижлива кон своите јајца. На машката двојка и’ беше дадено јајцето. Таа веднаш се фрли на работа обидувајќи се да го исквачи. Ања Зајферт, смета дека луѓето веројатно би можеле да научат некои работи од пингвините затоа што тие се навистина толерантни. „Во голема пингвинска колонија на истополова двојка пингвини не би се гледало различно отколку на разнополовите двојки“, вели Зајферт.
Скипер и Пинг агресивно ја чуваат нивната територија, за јајцето да не им биде украдено. Зоолошката градина во Берлин немала пиле од пингвин со години. Ако јајцето се испили, Скипер и Пинг наскоро ќе станат татковци.
Хибридни животински видови: половина блуза, половина панталони
Поларните мечки и гризли-мечките се зближија благодарение на промените на климата. Нивните потомци се викаат пизли-мечки. Но, има и многу други мешани животински видови. Ви ги прикажуваме најчудните!
Фотографија: picture-alliance/dpa/University of Alberta/Andrew E. Derocher
Пизли-мечка
Тоа е таа: мечка мешавина од гризли и поларна мечка. Истражувачите и ловците во последно време сѐ почесто среќаваат пизли-мечки. Најчесто, мајката е поларна мечка, а таткото гризли-мечка. Пизли-мечката има светло крзно, кафеави шепи и еден вид темен круг околу очите. И пизли-мечките се способни за размножување.
Фотографија: picture-alliance/dpa/University of Alberta/Andrew E. Derocher
Зоо-пизли
Научниците, врз основа на она што се случува во зоолошките градини, знаат одамна дека поларните мечки и гризли-мечките може да се парат меѓусебно. Во Зоолошката градина во Оснабрик има две пизли-мечки: Типс и Тапс. Меѓутоа, мешањето на гените во природата може да биде проблем за загрозениот вид на поларните мечки, стравуваат научниците.
Фотографија: Zoo Osnabrück/Thorsten Vaupel
Маска
Маската е најверојатно најпознатото хибридно животно. Се работи за животно добиено со вкрстување на магаре и кобила, односно на магарица и пастув. Маските не можат самостојно да се размножуваат, но се омилени животни за пренесување товар, затоа што се поиздржливи од коњите, и помалку тврдоглави од магарињата.
Оваа мешавина од зебра и магаре се роди во 2013 година, во зоолошката градина во Фиренца. Се вика Ипо. Зегари се раѓаат и во природата, на пример во Етиопија. Има и мешавина од зебри и коњи - зоњи. Зегарињата и зоњите е главно неплодни.
Фотографија: Getty Images/Afp/Tiziana Fabi
Зелена жаба
И зелената жаба е хибрид! Настаната е од малата зелена жаба и големата зелена жаба. Зелената жаба е помала од големата зелена жаба (10 до 16 сантиметри), но поголема од малата зелена жаба (околу 5 сантиметри). Крекањето на зелената жаба е нешто помеѓу крекањето на двата животински вида од кои настанала. Таа може да се размножува самостојно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Wittek
Келфин
Тој е резултат на вкрстување на кит и делфин. Келфинот на фотографијата се вика Кекаималу. Настанат е од мал кит-убиец и голем клунест делфин. Тој, или подобро таа, во Си Лајф-паркот на Хаваи донесе на свет здраво младенче.
Фотографија: picture-alliance/newscom
Кама
На крајот на 1990-тите, во Дубаи на свет дојде веројатно првата кама - мешанец од камила и лама. Настана по пат на вештачко оплодување. Подоцна следуваа и други ками. Целта на научниците е да создадат животински вид од кој се добива повеќе волна од ламата и е исто толку голем и издржлив како камилата.
Вкрстувањето на овца и коза на прв поглед се чини и не е изненадување, но впечатокот лаже. Имено, двата вида генетски се многу оддалечени еден од друг. Кога овци и кози се парат на ливада, потомците се раѓаат најчесто мртви. Но, има исклучоци: оваа црна ковца се роди здрава во Балимор, Ирска. Примери на здрави ковци има и во Германија, САД и Холандија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Murphy
Лигар
Овие мешанци може да се најдат само во зоолошките градини. Примерокот на фотографијата се вика Зита и живее во зоолошката градина во Новосибирск. Во 2015 година роди две младенчиња. Таткото е лав, зашто машките лидери не се плодни. Големи мачки хобриди се долги и по 3,5 метри и тежат над 350 килограми. Понекогаш тежат повеќе од двајцата родители.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Y. Kurskov
Сѐ уште нема име
Се работи за мешанец од дива патка и патка-индиски тркач. Заштитниците на животната средина со жал констатираат дека хибриди од диви патки со други видови патки во природата има многу. Дивите патки се парат со женките од другите видови патки често и против нивна волја. Така, гените на другите видови стануваат сѐ „потенки“. На тој начин сѐ повеќе видови се загрозени од исчезнување.