1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гидо Вестервеле денеска во Приштина

11 август 2011

Шефот на германската дипломатија е прв министер од ЕУ кој доаѓа во Косово по избивањето на кризата околу граничните премини кон Србија. Таа во меѓувреме е надмината, објави српскиот претставник Борислав Стефановиќ.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо ВестервелеФотографија: picture alliance/dpa

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска ќе ја посети Приштина во рамките на балканската турнеја во која разговараше и во Подгорица и Дубровник со црногорски и хрватски претставници.

Вестервеле во Приштина ќе разговара со косовскиот премиер Хашим Тачи и командантот на КФОР, Ерхард Билер.

Барикадите поставени од косовските Срби во меѓувреме се отстранетиФотографија: DW

Вестервеле е прв шеф на дипломатијата на некоја земја-членка на ЕУ кој доаѓа во Косово по избивањето на кризата со граничните премини Јариње и Брњак.

Српскиот претставник во преговорите со Косово, Борислав Стефановиќ во меѓувреме оцени дека кризата со граничните премини на северот на Косово е завршена, и најави почеток на дијалог со Приштина во Брисел.

„Верувам дека ќе успееме да го решиме проблемот со царинските печати, иако тоа е сосем одвоено прашање од административните премини. Тоа е наша црвена линија“, рече Стефановиќ.

Автор: БГ/ СН/ дв/ макфакс

Редактор: Александра Трајковска

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми