Глигоров ја добива наградата „Хуманист на 20 век“
20 септември 2007Највисокото признание на Меѓународната лига на хуманисти им се доделува на четворица државници за извонреден придонес за воспоставување мир, разбирање и соработка меѓу народите и државите во регионот. Поранешниот македонски претседател Киро Глогоров наградата ќе ја прими вечерва во Сараево, а покрај него таа им се доделува и на поранешните претседатели на Чешката Република и Словенија Вацлав Хавел и Милан Кучан, а меѓу наградите е и хрватскиот претседател Стипе Месиќ. На церемонмијата се очекува да присуствуваат сите, освен Хавел, кој не допатува во главниот град на Босна и Херцеговина од здравствени причини.
Уго Влаисављевиќ, претседател на организациониот комитет на Меѓународната лига на хуманисти, како посебно факт го извојува „Значајно е да се нагласи тоа што сосема сигурно има една новина во политичка смисла, дека тоа е посета на цивилното општество, на едно здружение. Ова не е посета на државните структури на Босна и Херцеговина.“
Меѓународната лига на хуманисти инаку е независна меѓународна асоцијација на угледни научници, јавни личности од општествениот живот и културата како и официјални верски преставници од сите делови на светот. Меѓу основачите на органзацијата се американскиот носител на Нобелова награда за хемија и за мир Линус Паулинг, претседателот на Римскиот клуб Аурелио Пецеи, индиската писателка Софија Вадиа и хрватскиот научник Иван Супек. Цел на органзацијата е со зедничко дејствување на видните членови гради мир, доверба и демократија во светот.