Експоненцијален раст и рекордна смртност во Индија
Александер Фројнд
29 април 2021
Речиси 380.000 новозаразени на ден– експоненцијалниот раст во Индија, на среден рок, може да стане проблем не само за земјата туку и за целиот свет. Згора на тоа од ден во ден се бележат рекорди во смртните случаи.
Реклама
Светот е во шок од бројот на новозаразени со корона во Индија – во последните 24 часа регистрирани се околу 360.000 нови случаи, што е нов светски рекорд. Во моментов, таму се заразени речиси 18 милиони, а близу 205.000 Индијци починале како последица од Ковид 19, од кои само во последните 24 часа рекордни 3645.
Темната цифра веројатно е многу поголема. Ситуацијата е влошена поради новата „двоејна мутација“ B.1.617 кој е комбинација на две мутации на таканаречениот спајк протеин. Од почетокот на април експлодираат бројките во земјата и кривата расте експоненцијално.
На среден рок, овој експоненцијален раст може да стане проблем не само за Индија и нејзините соседи, туку и за целиот свет.
Индија: Новиот бран на коронавирус наликува на цунами
02:15
Што значи експоненцијален раст кај коронавирусот?
Една стара безвременска индиска легенда е вистинскиот начин да се илустрира значењето на експоненцијалниот раст. Многу одамна индискиот владетел Шихрам ги тиранизирал своите поданици и земјата била во голема мизерија.
За кралот да ги увиди поплаките од населението, мудриот браман Сиса го измислил шахот со своите 64 полиња во која кралот е најважната фигура, но без поддршка на неговите пиони и другите фигури не може да постигне ништо. На кралот му се допаднала играта и сакал да го награди изумителот. Мудриот Сиса побарал на првиот квадрат од шаховската табла да се постави зрно пченица, на вториот двојно повеќе, значи две, на третиот повторно два пати повеќе од претходното, што значи четири, и така на секое наредно поле.
Кралот се чувствувал навреден од наводната скромност на браманот, а не бил свесен за размерите на неговата желба. На дворските аритметички мајстори им биле потребни денови за да ја пресметаат побараната количина пченица. На крајот сфатиле дека во целото царство не може да се собере толкава количина бидејќи на крајот на браманот требало да му се дадат околу 730 милијарди тони пченица што е пак илјада пати поголемо од минатогодишната светска берба на пченица која беше 776,78 милиони тони.
Што значи шаховската формула за пандемијата?
Секако во корона-пандемијата не се работи за зрна пченица туку за луѓе, но ако ја примениме шаховската формула во овој контекст таа го дава бројот на пренос на заразата или таканаречен Р-број од 2, што значи дека секој еден заразен, заразува уште двајца други.
Во Индија во моментов има 1 милијарда и 395 милиони луѓе. Со коронавирусот во моментов се инфицирани речиси 18 милиони. За среќа репродуктивниот Р број е многу понизок од шаховската формула и според извештаите во моментов е 1,32.
Пандемија: Животот свртен на глава
Пред нешто повеќе од една година мистериозен нов коронавирус започна да се шири низ светот. Денес, бројот на заразени во пандемијата е над 100 милиони, а секојдневието на луѓето ширум планетата е драматично променето.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Колективно физичко дистанцирање
Сингапур има многу ниски стапки на инфекции со коронавирусот од октомври досега. Набљудувачите ја фалат оваа град-држава во југоисточна Азија за одржување на вирусот под контрола со внимателно следење на нејзините граѓани, делумно со апликацијата за задолжително следење. Падот на инфекциите значи дека локалното население може да посетува кино на отворено - под услов да се одржува физичка дистанца.
Фотографија: Edgar Su/REUTERS
Во Јужна Африка се шири страв
Јужна Африка е најтешко погодената африканска земја од пандемијата на коронавирусот. Овој пациент во болница во близина на Кејп Таун е еден од 1,4 милиони граѓани кои се заразени со Ковид-19. Новата варијанта на коронавирусот, позната како B.1.351 или 501Y.V2, само го зголеми стравот. Исто како и новата варијанта на британскиот вирус, се смета дека оваа јужноафриканска мутација е многу позаразна.
Фотографија: Rodger Bosch/AFP/Getty Images
„Социјално дистанцирање на сонце“
Со зголемените летни температури, многу Австралијци се во можност да уживаат во освежително пливање во океанот. Поставени се знаци за да ги потсетат посетителите на плажите да држат дистанца додека уживаат во сонцето, во обид да се спречи нов пораст на инфекции. Австралија забележа значително намалување на бројот нови случаи од септември наваму.
Фотографија: Bai Xuefei/Xinhua/imago images
Болка поради оние кои починаа
Келвија Андреа Гонкалвес (16) плаче на гробот на нејзината мајка во бразилскиот град Манаус - Андреа дос Реис Брасао почина на само 39-годишна возраст. Таа е една од безбројните жртви од Ковид-19 во градот кој остана без неопходниот кислород. Многу луѓе го обвинуваат екстремно десничарскиот претседател Жаир Болсонаро за мрачната состојба во земјата. Во Бразил од вирусот починаа над 221.000 лица.
Фотографија: Bruno Kelly/REUTERS
Што е сигурно е сигурно?
Во Хонг Конг, властите оградија цели населби без предупредување како одговор на ненадејниот пораст на инфекциите. Градот, посебен административен регион на Кина, наметна слични драконски мерки за спречување на епидемијата на вирусот како оние кои беа во сила во Кина. До неодамна, стапките на инфекции тука беа многу ниски.
Фотографија: Tyrone Siu/REUTERS
Танцување во сопствен меур
Американскиот рок-бенд The Flaming Lips смисли начин како да организира концерти со физичка дистанца: на неодамнешниот концерт во Оклахома Сити, бендот ја замоли публиката да влезе во пластични меури кои се надувуваат. На овој начин, тие можеа да се танцуваат додека безбедно се изолирани во сопствени меури. Публиката дури можеше да го држи на раце и фронтменот Вејн Којн кој се стркала од сцената.
Фотографија: Flaming Lips/Warner Music/REUTERS
Цркви претворени во центри за вакцинација
Многу цркви во моментов се затворени поради пандемијата, па местата за богослужба се претвораат во центри за итна вакцинација- како тука во катедралата Лихфилд, во близината на Бирмингем, Англија. За разлика од земјите во ЕУ кои во моментов се соочуваат со недостиг на вакцини против Ковид-19, Велика Британија редовно се снабдува со дози.
Фотографија: Carl Recine/REUTERS
Светло на крајот од тунелот
Ејми Езат подготвува торта во форма на вакцина која треба да се дистрибуира меѓу пациентите со Ковид-19 кои се лекуваат во болницата во Каиро. Египет се бори да ја активира својата кампања за имунизација низ целата земја. Сепак, на многумина можноста да се вакцинираат против коронавирусот им дава огромно чувство на надеж.
Фотографија: Hanaa Habib/REUTERS
8 фотографии1 | 8
Но, оваа вредност е многу поврзана со однесувањето на луѓето и социјалните фактори: дали тие се придржуваат до правилата за дистанца и хигиена и во какви услови живеат и работат. Така на пример во првиот корона бран во март 2020 Р-вредноста беше многу поголема од сега – 1,83. Во секој случај, со сегашниот развој бројот на заразени може многу бргу да се удвои.
Повеќе заразени води кон повеќе починати
Со експоненцијалниот раст на заразени и бројот на смртни случаи исто така рапидно се зголемува. Досега во Индија близу 205.000 луѓе починале како последица на Ковид 19. Стапката на смртност во моментов е 1,4%. Доколку бројката на заразени се удвои, тоа ќе значи дополнителни 410.400 починати.
Со оглед на тоа што видовме дека коронавирусот не се задржува во границите на една земја, двојно-мутираниот индиски сој на вирусот B.1.617 и експоненцијалниот раст на новозаразени на индискиот потконтинент, со право предизвикува загриженост не само таму, туку и во целиот свет.