1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Година на проба за Фолксваген

ЖА/дв/ртре/дпа14 март 2013

Фолксваген планира да стане најдобар светски автомобилски производител, но ги чувствува последиците на економската криза во Европа. Надежите сега се насочени кон кинескиот пазар.

Фотографија: ODD ANDERSEN/AFP/GettyImages

Фолксваген засилено ги чувствува последиците на кризата во Европа:

„Мораме да направиме напор како никогаш досега“, изјави шефот на концернот Мартин Винтеркорн денеска при презентацијата на рекордниот биланс за 2012 година во Волфсбург. Сепак, концернот во основа го задржува оптимизмот за тековнава година и покрај сите конјуктурни слабости.

Винтеркорн потврди, Фолксфаген оваа година сака да оствари зголемена продажба на автомобили и да го зголеми обртот. Во оперативната добивка меѓутоа за следната година се очекува стагнација. Во првите два месеца годинава концернот без МАН и СКАНИА во светот испорачал 1,4 милиони возила. Со оглед на кризата во Европа, погледите сега се вртат кон Кина.

Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген соопшти дека планира да отвори уште седум фабрики во Кина.

„Во следните години ќе изградиме најмалку десет фабрики, од тоа седум во Кина“, изјави извршниот директор на компанијата, Мартин Винтеркорн.

Германската фирма планира во кинеските фабрики да произведува до 300 илјади автомобили годишно бидејќи кинескиот пазар за возила е најбрзо растечки во светот.

И покрај економските проблеми во Европа, Винтеркорн наведува дека верува во иднина на компанијата и прогнозира раст на профитот. Фолксваген лани оствари рекорден нето профит од 21,7 милијарди евра, 41 отсто повеќе во однос на претходната година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми